Кичево
(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“
 
																								
												
												
											По повод 28 август – „Денот на рударите“ во просториите на „РЕК Осломеј“ се одржа свечен настан на кој им беа доделени благодарници на вработените за нивниот долгогодишен труд, посветеност и придонес во развојот на компанијата и енергетскиот сектор во Македонија и Кичево.
На свеченоста присуствуваа раководството на „РЕК Осломеј“ Директорите г-дин Сашо Вренцоски и г-дин Агим Садику, заменик генерален Директор на „АД ЕСМ“ г-дин Реџеп Асани, Директорот на „ТЕ“ Синиша Стојкоски, Директорот на „ПЕ Рудник Осломеј“, Адил Сејдини како и бројни вработени кои со гордост го одбележаа празникот што им припаѓа ним – рударите и енергетичарите.
– „Рударите се срцето на енергетиката. Благодарение на вашиот труд, упорност и дисциплина, обезбедуваме стабилно снабдување со електрична енергија. Денес ја искажуваме нашата искрена благодарност кон сите вас, особено кон оние кои со години покажуваат професионалност и лојалност кон компанијата,“ истакна раководството пред присутните.
Со доделувањето на благодарниците, „РЕК Осломеј“ ја нагласува својата посветеност да го вреднува трудот на вработените и да го негува чувството на припадност и заедништво. Настанот заврши во свечена и пријателска атмосфера, со порака дека рударството и натаму ќе остане темел на стабилниот енергетски систем на државата.
На овој свечен настан, свечено присуствуваше и нашата екипа која оваа прилика ја користи срдечно да им го честита „Денот на рударите“ – 28 август со желби за големи успеси и врвни достигнувања во енергетскиот сектор.
Галерија:
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
 
														Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
 
														Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
 
														На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
- 
																	   Хороскоп1 ден Хороскоп1 денХороскоп за четврток (30 октомври) 
- 
																	   Кичево14 часа Кичево14 часаЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид 
- 
																	   Кичево16 часа Кичево16 часа„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“ 
- 
																	   Македонија2 дена Македонија2 денаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“ 
- 
																	   Македонија2 дена Македонија2 денаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар 
- 
																	   Хороскоп8 часа Хороскоп8 часаХороскоп за петок (31 октомври) 
- 
																	   Временска прогноза2 дена Временска прогноза2 денаНа утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски 
- 
																	   Спорт2 дена Спорт2 денаВисоки признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“ 

 
								 
 




































 
 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	





 
 
 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														