Следете не

Спорт

Со заложби на претседателот Омерагиќ и општина Битола, овој град повторно на европската фудбалска мапа, стадионот „Петар Милошевски“ доби зелено светло од „УЕФА“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Градот под Пелистер на 9 септември ќе биде центар на младинскиот европски фудбал, откако стадионот „Петар Милошевски“ доби официјална дозвола од УЕФА да биде домаќин на квалификацискиот дуел помеѓу македонската селекција до 21 година и силната репрезентација на Италија.

Во изминатиот месец и половина, Фудбалската федерација на Македонија во партнерство со општина Битола вложи околу 150.000 евра за комплетна санација и модернизација на спортскиот комплекс. Резултатот е стадион кој денес изгледа препознатливо европски и кој е подготвен за настани од највисоко ниво.

Новата јужна трибина е опремена со комфорни седишта, тартан патеката е заменета со современа подлога, а службените и медиумските простории добија нов изглед и функционален мебел. Поставени се и нови клупи за резервните играчи, уреден е ВИП секторот, а ФФМ донираше модерен ЛЕД семафор. Дополнително, тревната подлога беше освежена и подготвена со специјализирана механизација и експертски тимови.

Со овие подобрувања, „Петар Милошевски“ ги исполнува сите критериуми за организација на меѓународни натпревари и ја враќа Битола на големата фудбалска сцена.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја нагласи важноста на овој проект, „Она што го зацртавме како цел – да ја вратиме фудбалската магија во Битола – денес е остварено. Со заедничка работа со градоначалникот Коњановски и тимот на општината, покажавме дека и за кратко време може да се постигнат големи резултати. Овој успех е само поттик да продолжиме со реконструкции и на другите стадиони во државата.

Следниот чекор, како што најави Омерагиќ, е реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, со што ФФМ и управата ја продолжуваат својата мисија за унапредување на спортската инфраструктура на национално ниво.

Со ова, Битола не само што добива модерен спортски објект, туку и нова енергија за развој на фудбалот и спортската култура во регионот, истакна Фудбалската федерација на Македонија на својето веб гласило.

Спорт

Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за претстојните натпревари од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Саудиска Арабија на 4 септември и со Лихтенштајн на 7 септември. Селекторот и тимот најавуваат максимална посветеност и целосна концентрација за да обезбедат добри резултати на овие пресудни средби.

Ова се повиканите фудбалери избраници од Милевски за претстојните мечеви, а ги соопшти Фудбалската федерација на Македонија:

Голмани:

  • Столе Димитриевски
  • Дејан Илиев
  • Дамјан Шишковски
  • Игор Алексовски

Одбрана:

  • Дарко Велковски
  • Езѓан Алиоски
  • Никола Серафимов
  • Андреј Стојчевски
  • Висар Муслиу
  • Бојан Илиевски
  • Гоко Зајков
  • Стефан Деспотовски

Среден ред:

  • Енис Барди (капитен)
  • Јани Атанасов
  • Елиф Елмас
  • Исник Алими
  • Лука Станковски
  • Тихомир Костадинов
  • Решат Рамадани

Напад:

  • Бојан Миовски
  • Милан Ристовски
  • Дарко Чурлинов
  • Александар Трајковски
  • Лирим Камили
  • Елмин Растодер
  • Димитар Митровски

Селектор:

  • Благоја Милевски ✅
Прочитај повеќе...

Спорт

Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Sara Ruffoni

Колумбиецот Давид Алонсо (CFMOTO Inde Aspar Team) стана првиот возач од својата земја што победил во Moto2, откако триумфираше на Големата награда на Michelin во Унгарија. Со извонреден финиш, тој ги надмина главните конкуренти за титулата, Диого Мореира (Italtrans Racing Team) и Мануел Гонзалез (LIQUI MOLY Dynavolt Intact GP), во трилер-завршница на Балатон Парк.

Алонсо влезе во завршните кругови со најсилно темпо, минувајќи го Гонзалез во претпоследниот круг, а потоа со маестрална одбрана ја задржа предноста до целта. Мореира заврши втор и со тоа за првпат во историјата Moto2 забележа јужноамериканско 1-2, додека Гонзалез мораше да се задоволи со третото место.

Зад нив, Џејк Диксон финишираше четврти, а Холанѓанецот Колин Вејер со петтото место го постигна својот најдобар резултат досега. Голем удар претрпе Арон Канет, кој заврши шести и изгуби важни поени во шампионската битка.

Историскиот триумф на Алонсо го најавува пристигнувањето на нова генерација во Moto2, бидејќи пет дебитанти завршија меѓу првите десет во Унгарија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Анчелоти на квалификациските дуели за СП против Чиле и Боливија без ѕвездите Нејмар и Винисиус Жуниор

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави финалниот список на „Кариоките“ за септемвриските квалификациски дуели за Светското првенство – против Чиле и Боливија. Она што веднаш привлече внимание е изненадувачкото отсуство на две големи ѕвезди – Нејмар и Винисиус Жуниор.

Фудбалерот кој на почетокот на годината се врати во Сантос и натаму се мачи со повреди. Веќе скоро две сезони неговата форма е далеку од стабилна, а минатата недела имал нов проблем со бутниот мускул.

– „Нејмар имаше мала непријатност. Најважно е да ја врати натпреварувачката кондиција. Нема потреба да го тестираме – сите добро знаат кој е Нејмар“, објасни Анчелоти.

За разлика од Нејмар, изоставувањето на Винисиус не е поради повреда. Овој пат комбинација од дисциплинска казна и исцрпувачко патување до Ла Паз го натераа селекторот да му даде одмор.

Позитивна вест за Бразил е враќањето на Лукас Пакета, кој во јули беше целосно ослободен од сомнежите за вмешаност во наместени натпревари. Играчот на Вест Хем последен пат настапи за репрезентацијата во ноември 2024. Повторно место во тимот доби и Жоао Педро од Челзи, кој со одличните игри си обезбеди враќање.

Составот на Бразил за квалификациите:

Голмани:
Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал-Наср), Уго Соуза (Коринтијанс)

Одбрана:
Александро (Лил), Алекс Сандро (Фламенго), Каио Хенрике (Монако), Даглас Сантос (Зенит), Фабрицио Бруно (Крузеиро), Габриел Магалхаес (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Вандерсон (Монако), Весли (Рома)

Среден ред:
Андре Сантос (Челзи), Бруно Гимараеш (Њукасл), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Џоелинтон (Њукасл), Лукас Пакета (Вест Хем)

Напад:
Естевао (Челзи), Габриел Мартинели (Арсенал), Жоао Педро (Челзи), Каио Хорхе (Крузеиро), Луис Енрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Рафиња (Барселона), Ричарлисон (Тотенхем)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника2 часа

Во хотелска соба бил пронајден починат 69-годишник од Австралија

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С. (69) од Австралија....

Спорт3 часа

Со заложби на претседателот Омерагиќ и општина Битола, овој град повторно на европската фудбалска мапа, стадионот „Петар Милошевски“ доби зелено светло од „УЕФА“

Градот под Пелистер на 9 септември ќе биде центар на младинскиот европски фудбал, откако стадионот „Петар Милошевски“ доби официјална дозвола...

Кичево6 часа

(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“

По повод 28 август –  „Денот на рударите“ во просториите на „РЕК Осломеј“ се одржа свечен настан на кој им...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за четврток (28 август)

ОВЕН Многу сте одлучни кога станува збор за работата и сигурни сте дека можете да го остварите она што го...

Фото: Chris G @ unsplash Фото: Chris G @ unsplash
Автомобили1 ден

Nissan GT-R се пензионира по 18 години – крај на една ера

По цели 18 години производство, Nissan официјално го означи крајот на легендарниот R35 GT-R, откако последниот примерок за јапонскиот пазар...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин1 ден

Apple ќе ги открие новите модели на iPhone на 9 септември

Apple официјално испрати покани за својот голем есенски настан, кој ќе се одржи на 9 септември во Купертино. Настанот традиционално...

Спорт1 ден

Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за претстојните натпревари од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Саудиска Арабија на 4...

Македонија1 ден

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен...

Свет1 ден

Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет

Колосот висок околу 120 метри тргна од космодромот „Старбејс“ во Тексас, заедно со новооснованиот град што расте околу него, точно...

Временска прогноза1 ден

Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до...

НАЈЧИТАНИ