Македонија
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците

Со денешното ѕвонче во училиштата, официјално стартува учебната 2025/2026 година, во која ќе учествуваат околу 245,000 ученици – 177.800 во основното и 67,200 во средното образование. Според податоците што досега ги собра Министерството за образование, во прво одделение ќе седнат 17,250 деца, а во средните училишта како бруцоши се запишани 17,230 ученици. Сепак, овие бројки сè уште не се конечни, бидејќи училиштата продолжуваат да доставуваат извештаи.
Учебната година ќе трае до 10 јуни, со исклучок на матурантите кај кои наставата завршува на 15 мај. Сите ученици ќе добијат учебници, а по пауза од седум години повторно ќе бидат достапни и книги по странски јазици. Новина е и тоа што средношколците ќе имаат можност да користат образовни асистенти, а вештачката интелигенција ќе се интегрира и ќе биде дел во наставата.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на вчерашната прес-конференција истакна дека условите за учење во многу училишта се подобрени. Според неа, посебен акцент е ставен на инклузивноста, преку ангажирање на поголем број асистенти во основните училишта и првпат во средното образование.
Во наставниот процес првпат ќе се применува и систематски подготвен прирачник за користење на вештачката интелигенција, наменет и за наставници и за ученици. Тој содржи јасни насоки како технологијата да се користи етички и продуктивно во образовни цели.
Ова е втора учебна година по ред во која сите ученици почнуваат со обезбедени учебници. Сосема нови изданија има за седмо одделение и за прва година во гимназија, како резултат на новите наставни програми. По долг прекин, повторно се враќаат учебниците по англиски, француски, германски и италијански јазик, при што најголемиот дел од тиражот веќе е испорачан.
Нова практика од оваа година е и модернизираниот електронски дневник, кој овозможува наставниците во секое време да внесуваат податоци.
Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.
По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога”, на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило „голф“, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми.
Марихуаната во утринските часови била пренесена од Р.Албанија, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Р.Грција, каде требало да биде предадена за понатамошно пренесување до Р.Турција. И.А. е лишен од слобода во ПС Битола и по комплетирање на целокупната документација, од страна на СВР Битола до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од КЗ, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
Македонија
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути

Wizz Air, најголемиот авиопревозник во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија во EMEA регионот¹, со задоволство најавува значителна експанзија во земјата, додавајќи шести авион во својата база во Скопје, како и 13 нови рути. Оваа експанзија доаѓа по успешниот исход од учеството на Wizz Air на неодамнешниот јавен тендер, што и овозможи на авиокомпанијата дополнително да инвестира во македонскиот авијациски сектор.
Со билетите кои се достапни веќе од денес, Wizz Air додава пет нови линии во својата мрежа, поврзувајќи го Скопје со Будимпешта и Неапол, а Охрид со Милано, Катовице и Вроцлав, во дополнение на веќе најавените рути годинава. Со стартот на овие 13 долгоочекувани рути од аеродромите во Скопје и Охрид управувани од ТАВ Македонија, Wizz Air ќе ја поврзува Македонија со 41 дестинација во 17 земји низ Европа. Директните линии се веќе достапни за резервација на wizzair.com wizzair.com и мобилната апликација на авиокомпанијата mobile app.
Како дел од оваа стратешка експанзија, Wizz Air додава шести авион во базата во Скопје и ја модернизира целата своја флота со најсовремени Airbus A321neo до крајот на оваа година. Со оваа надградба капацитетот на седишта ќе се зголеми за 55%, со што Wizz Air ја потврдува својата позиција како несомнен лидер на македонскиот авио-пазар.
Денеска е значаен момент што ја потврдува посветеноста на Wizz Air за поврзување на Македонија со клучните европски градови и отворање нови можности за патници и економски развој.
„Нашата упорност, стратешките инвестиции и неодамнешното славење на 15-милионитиот патник ја потврдуваат нашата долгорочна посветеност кон Македонија. Веруваме дека силниот авијациски сектор е клучен за економскиот развој и туристичкиот раст на земјата. Оваа експанзија ја проширува регионалната поврзаност, отворајќи ги вратите на Македонија пред европските патници. Нашата континуирана соработка со ТАВ Македонија беше клучна за постигнување на овие успеси, одразувајќи ја нашата заедничка посветеност за подобрување на авијациската инфраструктура и искуството на патниците. Let’s WIZZ!“, истакна извршниот директор на Wizz Air, Јожеф Варади
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми – членка на француската Groupe ADP (Aéroports de Paris), ја започна својата соработка со нискобуџетната унгарска авиокомпанија во јуни 2011 година, со првиот лет од Меѓународниот аеродром Скопје до Лондон – Лутон. Оттогаш, Wizz Air стана составен дел од македонската авијациска сцена, а во јули 2025 година заедно со ТАВ Македонија го прослави 15-милионитиот патник во годината кога аеродромот слави 15 години.
Во моментов Wizz Air вработува повеќе од 200 луѓе во Македонија и останува посветена на поддршката на локалната економија преку инвестиции и вработување. Компанијата ја цени поддршката на Владата, која го препознава значењето на авијацискиот сектор за економски раст, поврзаност и развој на туризмот.
– „Со проширување на мрежата на рути, двата македонски аеродроми ја зајакнуваат својата улога како клучни кон Европа и пошироко. Овие нови авиолинии се резултат на нашата стратешка соработка со Владата и авиокомпанијата Wizz Air, со цел зголемување на можностите за патување и мобилност на граѓаните. Убеден сум дека новите дестинации како Неапол од Меѓународниот аеродром Скопје, Милано и Вроцлав од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, како и враќањето на Будимпешта од скопскиот аеродром и Катовице од охридскиот аеродром, ќе бидат привлечни за граѓаните и ќе придонесат за конкурентноста на двата аеродроми во регионот.“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија
Во моментов Wizz Air вработува повеќе од 200 луѓе во Македонија и останува посветена на поддршката на локалната економија преку инвестиции и вработување. Компанијата ја цени поддршката на Владата, која го препознава значењето на авијацискиот сектор за економски раст, поврзаност и развој на туризмот.
НОВИ WIZZ AIR РУТИ ОД МАКЕДОНИЈА
New Route | Frequency | ||
Скопје – Бари | 3x weekly | ||
Скопје – Неапол | 3x weekly | ||
Скопје – Будимпешта | 3x weekly | ||
Скопје – Келн | 4x weekly | ||
Скопје – Штутгарт | 3x weekly | ||
Скопје – Ларнака | 2x неделно | ||
Скопје – Мадрид | 3x неделно | ||
Скопје – Прага | 3x неделно | ||
Скопје – Стокхолм | 3x неделно | ||
Охрид – Базел | 2x неделно | ||
Охрид – Милано | 2x неделно | ||
Охрид – Катовице | 2x неделно | ||
Охрид – Вроцлав | 2x неделно |
/ПР (Wizz Air Macedonia)
Македонија
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, заради вонредно високите температури во овој период и продолжението на сушниот период.
Целосната забрана за движење во шумите започнува од 02.09.2025 година и ќе трае се до 30.09.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.
За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, известува МВР
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Спорт2 дена
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 дена
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех
-
Временска прогноза2 дена
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња
-
Кичево16 часа
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 2 септември
-
Lifestyle16 часа
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?