Македонија
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех

Денес во етер се објави видео, снимевно во основното училиште „Денче Дејаноски“, каде заѕвони првото ѕвонче за ☝️ едно единствено прваче! Училиштето, основано во 1957 година и верифицирано од Министерството за образование на 22.05.1996 година, веќе долго време е дел од образовната заедница.
Сместено во живописниот крај на Маврови Анови, општина Маврово и Ростуше, во рамките на Националниот парк Маврово, училишето нуди инспиративна и природна средина за учење.
Денешниот, односно вчера прв училишен час беше посебен момент за нашето ☝️ единствено прваче – Матеј, кој беше топло дочекан од маестро Игор Џамбазов, наставничката и неговите родители.
Погледнете го видеото на Игор: ТУКА
Македонија
СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња

На 04.09.2025 година од 00 до 07 часот, на подрачјето на охридското село Шипокно, ќе се одржи регионална обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња. Целта на обуката е јакнење на капацитетите на припадниците на единицата за службени кучиња во управување и работа со службени кучиња при мисии и операции на тешко пристапен терен.
Оваа активност, ќе значи зголемување на професионалноста, ефективноста и на целокупната оперативна подготвеност на припадниците на единицата за службени кучиња, во процесот на планирање и ефикасно спроведување на мерките за потрага по лица и предмети на тешко пристапните терени.
Регионалната обука е во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на РМ во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“ а учесници се полициски службеници-водичи на службени кучиња од министерствата за внатрешни работи на Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.
Проектот, се имплементира во соработка со мисијата на ОБСЕ во Македонија и германската федерална асоцијација за спасување со кучиња, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците

Со денешното ѕвонче во училиштата, официјално стартува учебната 2025/2026 година, во која ќе учествуваат околу 245,000 ученици – 177.800 во основното и 67,200 во средното образование. Според податоците што досега ги собра Министерството за образование, во прво одделение ќе седнат 17,250 деца, а во средните училишта како бруцоши се запишани 17,230 ученици. Сепак, овие бројки сè уште не се конечни, бидејќи училиштата продолжуваат да доставуваат извештаи.
Учебната година ќе трае до 10 јуни, со исклучок на матурантите кај кои наставата завршува на 15 мај. Сите ученици ќе добијат учебници, а по пауза од седум години повторно ќе бидат достапни и книги по странски јазици. Новина е и тоа што средношколците ќе имаат можност да користат образовни асистенти, а вештачката интелигенција ќе се интегрира и ќе биде дел во наставата.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на вчерашната прес-конференција истакна дека условите за учење во многу училишта се подобрени. Според неа, посебен акцент е ставен на инклузивноста, преку ангажирање на поголем број асистенти во основните училишта и првпат во средното образование.
Во наставниот процес првпат ќе се применува и систематски подготвен прирачник за користење на вештачката интелигенција, наменет и за наставници и за ученици. Тој содржи јасни насоки како технологијата да се користи етички и продуктивно во образовни цели.
Ова е втора учебна година по ред во која сите ученици почнуваат со обезбедени учебници. Сосема нови изданија има за седмо одделение и за прва година во гимназија, како резултат на новите наставни програми. По долг прекин, повторно се враќаат учебниците по англиски, француски, германски и италијански јазик, при што најголемиот дел од тиражот веќе е испорачан.
Нова практика од оваа година е и модернизираниот електронски дневник, кој овозможува наставниците во секое време да внесуваат податоци.
Македонија
Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, извести АМСМ.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (2 септември)
-
Спорт14 часа
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 дена
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Спорт1 ден
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија
-
Храна2 дена
Исто како од ресторан: Тајната за совршено крцкав домашен помфрит
-
Временска прогноза9 часа
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Магазин2 дена
Google Pixel и iPhone го забрзуваат преминот кон eSIM технологија