Македонија
(ВИДЕО) МВР: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.
– „Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност. Ваквиот пристап е доказ дека заедништвото и координацијата меѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за подобрување на безбедноста на патиштата.“, потенцираше министерот Тошковски.
– „Во рамките на редовните активности за модернизација, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година наменува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола. Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема (одела, чизми,ракавици и кацига) во вкупна вредност од 11.950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка.“, истакна претседателот на РСБСП Ангеловски.
Министерот Тошковски и претседателот Ангеловски се сложија дека и во иднина ќе продолжи соработката помеѓу РСБСП и МВР на високо професионално ниво – Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет.
Македонија
(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога

Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.
– При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, за јавноста информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит, известува Регулаторната комисија за енергетика.
Македонија
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера

На 08.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар, истакна МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (9 септември)
-
Македонија1 ден
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за среда (10 септември)
-
Временска прогноза1 ден
Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи
-
Спорт1 ден
Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија
-
Македонија1 ден
Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Македонија3 часа
(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога
-
Временска прогноза8 часа
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд