Хроника
Комбе со работници паднало од експресниот пат Штип – Радовиш, неофицијално има жртви и повредени
Во утринските часови се случила тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе што превезувало работници излетало од мостот над Балатилиска Река. Според првичните податоци, во несреќата има жртви, како и повеќе повредени лица, информира 4NEWS.mk.
На самото место веднаш интервенирале екипи на Брза помош со две возила, противпожарната служба од ТППЕ-Штип, како и полициски екипи од штипската станица.
Се очекува во текот на денот Министерството за внатрешни работи да објави дополнителни детали за причините и последиците од трагичниот настан.
Хроника
Д-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман, информира Основното јавно обвинителство Прилеп.
Според првичните информации, несреќата се случила при обид за претекнување, кога дошло до судир меѓу две возила што се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едното возило.
На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за собирање траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува дали имал присуство на алкохол или други психоактивни супстанции.
Од обвинителството нагласуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно утврдување на причините за тешката несреќа во која животот го загубија две лица, а петмина се здобија со сериозни повреди.
Д-р Ненад Лазаров ТУКА на социјалните мрежи објави дека бил сведок на трагичниот настан, каде своевремено и помагал. За јавноста тој истакна и упати порака за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи она што го видел и бил сведок – не го видел за својата 15 годишна кариера како Доктор.
Сите молитви се кон останатите учесници во сообраќајката, да останат живи и здрави.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје18 часаЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт23 часаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Временска прогноза19 часаОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Спорт2 денаФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија
-
Свет2 денаАмериканската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
