Временска прогноза
Ведро и сончево, од четврток следи промена на времето, каде ќе биде застапено поголемо наоблачување

Во Македонија и понатаму останува да биде под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок). Токму ова услови денешното утро (понеделник 22 септември) на наша територија да биде ведро и сончево без никаква облачност. Претежно е тивко и без некој изразен ветер.
Денешното утро и понатаму е посвежо, но со повисоки минимални температури за разлика од изминатите утрини.
Имено, до 25 септември (четврток) во Македонија времето ќе биде без промени, односно останува стабилно и сончево со постепено зголемување на облачноста од среда попладне и навечер (24 септември). Наутро останува малку посвежо времето а преку ден ќе биде топло со температури кои на повеќе места ќе надминуваат 25 степени или ќе се искачуваат близу 30 степени, а во Повардарието и во Скопскиот регион температурите ќе надминуваат 30 степени.
За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец.
Промена на времето со зголемена облачност, поголем пад на температурите и локални врнежи од дожд ќе имаме од четврток (25 септември) попладне и навечер, за Порта.мк информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Следната седмица вистинска промена на времето

Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе имаме многу сонце и ведро време без никаква облачност. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, локално и под 5 степени а на високите и на планинските места температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, со што е можна појава на слаб мраз и на слана.
Токму ова е поради влијанието на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој е распространет во најголем дел од Европскиот Континент и истиот условува да имаме токму ваква временска ситуација и развој на вакви временски услови. Преку ден пак ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.
Ваквата временска состојба кај нас ќе се задржи се до 25 септември, по што следува голема промена на временската состојба кај нас, надоаѓање на вистинската есен и многу пониски температури на воздухот, многу повеќе врнежи а на планинските места и појава на снег, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.
Што се донесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, а на повисоките места и на планините тие ќе бидат пониски со што ќе има услови дури и за појава на слаб мраз и на слана.
Максималните дневни температури исто така ќе бидат значително пониски и ќе биде посвежо и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околи 8/9 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23/24 степени.
Временска прогноза
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.
Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот, информира Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Кичево: За среќа само материјална штета од сообраќајката на кружен тек кај „Автобуска станица“
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО+ФОТО) Се гаси огромна површина на пожар зад градски стадион во Кичево
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (22 септември)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (23 септември)
-
Култура1 ден
(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ беше посетен од голем број верници
-
Скопје14 часа
АМСМ: Од утре започнуваат градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2 – обиколница Скопје, ќе трае четири месеци
-
Македонија1 ден
Вчера лишени од слобода деветмина возачи поради возење под дејство на алкохол и санкционирани 540 возачи за брзо возење
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот