Македонија
(ФОТО) Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.
Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција.
Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми.
Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки на следниот линк и на него можат да учествуваат сите заинтересирани компании – ТУКА
Македонија
Дизелот со мало поскапување, додека бензините остануваат со иста цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Вчера лишени од слобода деветмина возачи поради возење под дејство на алкохол и санкционирани 540 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 28 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Од друга страна пак, исто така согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и 14 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа девет лица заради користење на мобилен телефон при возење, еден пешак и четворица возачи што минале на црвено светло, како и 16 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 13 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност.
Исто така вчера, а врз основа на членот 297-а од КЗ на РСМ (“безобѕирно управување со возило“) лишени од слобода се деветмина возачи од кои што двајца заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили) и седуммина заради управување со брзина поголема од дозволената, истакна МВР.
Македонија
Лица од Турција со привремен престој, се сомничат дека предизвикувале пожар

На 20.09.2025 во 18:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар.
Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
-
Кичево1 ден
Кичево: За среќа само материјална штета од сообраќајката на кружен тек кај „Автобуска станица“
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО+ФОТО) Се гаси огромна површина на пожар зад градски стадион во Кичево
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (23 септември)
-
Култура1 ден
(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ беше посетен од голем број верници
-
Скопје14 часа
АМСМ: Од утре започнуваат градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2 – обиколница Скопје, ќе трае четири месеци
-
Македонија1 ден
Вчера лишени од слобода деветмина возачи поради возење под дејство на алкохол и санкционирани 540 возачи за брзо возење
-
Временска прогноза2 дена
Ведро и сончево, од четврток следи промена на времето, каде ќе биде застапено поголемо наоблачување
-
Спорт10 часа
Македонија до 15 години во фудбал води против репрезентацијата на Косово во гости, во финишот на првото полувреме