Следете не

Спорт

Стадионот во Гент ќе биде обоен во црвено-жолта боја, распродадени сите билети за мечот Белгија – Македонија за пласман на СП2026

Објавено пред

на

©porta.mk

ФФМ ја извести јавноста дека билетите за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија кој ќе се одигра на 10 октомври за пласман на Светското првенство 2026 се распродадени во целост.

Во текот на изминатите три недели беа понудени околу 1.000 билети преку официјалната платформа на ФФМ, а сите веднаш беа резервирани од нашите верни поддржувачи.

Искрено им благодариме на навивачите за огромниот интерес и за поддршката што македонската репрезентација ќе ја почувствува во Гент на дуелот со Белгија.

Имено, како што информираат, со оглед на ограничениот капацитет на стадионот во Гент, не постои можност за обезбедување дополнителни билети. На крај им се заблагодарија на навивачите за огромниот интерес и за поддршката што македонската репрезентација ќе ја почувствува во Гент на дуелот со Белгија.

Спорт

Во сабота ФК Напредок ја дочекува екипата на ФК Зајас

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамките на Трета Лига Запад екипата на Ф.К.Напредок на 27.09.2025г (сабота) во 16:00, на градскиот стадион во Кичево ја дочекува екипата на Ф.К. Зајас.

Ќе гледаме одличен фудбал, бидете на градски!

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 15 години во фудбал води против репрезентацијата на Косово во гости, во финишот на првото полувреме

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/youtube/livestream/FFK

Македонската репрезентација до 15 години од 15-та минута води во натпреварот во гости против репрезентацијата на Косово со 0:1. Нашиот тим на млади надежи комплетно ја преземаат контролата на теренот и може да се каже дека доминираат, иако домаќините имаа неколку добри шанси за погодок.

Во првиот состав, дресот со број 10 го носи нашиот интернационалец од редовите на „ФК Кичево“ – Борис Матески, кој за сега маестрално ја користи довербата на селекторот.

Фудбалската федерација на Косово овој натпревар го пренесува во живо:

Прочитај повеќе...

Спорт

Фудбалерот на „PSG“ – Дембеле е добитник на „Златната топка“ за најдобар играч на светот за 2024/2025

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, е новиот носител на престижната награда „Златна топка“ за најдобар играч на светот во сезоната 2024/25. Церемонијата се одржа вчера во Париз, каде што францускиот репрезентативец ја доби наградата од рацете на легендарниот Роналдињо.

Дембеле имаше блескава сезона во која со ПСЖ ги освои сите можни трофеи: Лигата на шампионите, Француското првенство, Купот на Франција и УЕФА Суперкупот. Со овој успех тој заслужено стигна до најголемото индивидуално признание во фудбалот.

Конкуренција и рангирање

Зад Дембеле во изборот останаа неколку од најдобрите светски фудбалери:

Ламине Џамал (Барселона) – второ место

Витињо (ПСЖ) – трето место

Мохамед Салах (Ливерпул) – четврто место

Во првата десетка се најдоа и Рафиња (Барселона), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челзи), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Нуно Мендеш (ПСЖ) и Ашраф Хакими (ПСЖ).

Женска „Златна топка“

Кај дамите, Аитана Бонмати од Барселона ја освои „Златната топка“ по втор пат по ред. Таа триумфираше пред својата клупска и репрезентативна соиграчка Марион Калдентеј и Англичанката Алесија Русо. Со ова Бонмати ја потврди својата доминација во светскиот женски фудбал.

Други индивидуални признанија

  • „Копа“ трофеј за најдобар млад играч: Ламине Џамал (Барселона), кој ја добива оваа награда втора година по ред. Во женска конкуренција ја освои 19-годишната Вики Лопез, исто така од Барселона.
  • „Герд Милер“ за најдобар стрелец: Виктор Џекерс (Арсенал) со неверојатни 54 гола за Спортинг Лисабон. Кај жените наградата замина кај Ева Пајор од Барселона.
  • „Јашин“ за најдобар голман: Џанлуиџи Донарума, кој летово премина во Манчестер Сити, а кај жените – Хана Хемптон од Челзи.
  • „Јохан Кројф“ за најдобар тренер: Луис Енрике (ПСЖ) и Сарина Вигман (селекторка на Англија).
  • „Сократес“ награда: Фондацијата Хана, основана од Луис Енрике во чест на неговата ќерка, за нејзината посветеност на поддршка на деца со тешки заболувања.

Тимски признанија

Најуспешен машки клуб: Пари Сен Жермен, благодарение на историската прва титула во Лигата на шампионите и уште три домашни трофеи.

Најуспешен женски клуб: Арсенал, кој го освои Европскиот куп и заврши втор во англиската Премиер лига.

Инаку оваа престижна манифестација „Златна топка“ е индивидуално фудбалско признание кое се доделува од 1956 година од страна на списанието „Франс Фудбал“. Од 2018 наградата се доделува и во женска конкуренција. Од оваа година, организацијата на церемонијата е заедничка со УЕФА и француското спортско списание „Екип“.

Со новите лауреати, 2025 година влезе во историјата како сезона во која ПСЖ и Барселона доминираа во светскиот фудбал – и во машка, и во женска конкуренција.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за петок (26 септември)

ОВЕН Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите...

Македонија4 часа

Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин...

Автомобили5 часа

(ВИДЕО) „Пежо“ денеска преку кратко тизер-видео го најави пристигнувањето на новиот концепт „Полигон“

„Пежо“ денеска преку кратко тизер-видео го најави пристигнувањето на новиот концепт „Полигон“, нагласувајќи дека „доаѓа време да се обликува иднината...

Кичево10 часа

Концертниот караван „Македонијо во срце те носиме“ во недела пристигнува на градскиот плоштад во Кичево, Спасен Сиљаноски, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски на едно место…

По успешните и емотивни вечери ширум Македонија, концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со полна енергија и патриотски дух...

Хроника11 часа

Млад скопјанец пронајден починат во домот на подрачјето на Кисела Вода

На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје...

Спорт11 часа

Стадионот во Гент ќе биде обоен во црвено-жолта боја, распродадени сите билети за мечот Белгија – Македонија за пласман на СП2026

ФФМ ја извести јавноста дека билетите за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија кој ќе се одигра на...

Технологија12 часа

„ChatGPT“ додава родителска контрола, наменета за безбедност и поддршка на младите корисници

OpenAI ја најавува новата функција за родителска контрола во ChatGPT, наменета за зголемување на безбедноста и поддршката на младите корисници....

Временска прогноза16 часа

Толку од топлото време, вистинската есен доаѓа, викендов на највисоските места не е исклучена можноста и за првиот снег за оваа сезона, ова се најновите метео вести

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во Македонија следува променливо време со повремени врнежи од дожд кои...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (25 септември)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Спорт1 ден

Во сабота ФК Напредок ја дочекува екипата на ФК Зајас

Во рамките на Трета Лига Запад екипата на Ф.К.Напредок на 27.09.2025г (сабота) во 16:00, на градскиот стадион во Кичево ја...

НАЈЧИТАНИ