Македонија
Исполнети се условите, од утре започнува грејната сезона 2025/2026
Од утре, 2 октомври, почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во градот Скопје со кои управува АД ЕСМ.
Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10˚С со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ.
Исто така, сè до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
Навременото снабдување со топлинска енергија е клучно за комфорот на нашите потрошувачи. Затоа повторно апелираме до сите корисници да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации бидејќи редовното одржување е нивна обврска и заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина, кој е достапен на линкот „Затворени објекти – ЕСМ
Снабдување“, на официјалната веб страница на ЕСМ – Снабдување со топлинска енергија.
За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика 02 3104816 и 02 3104872, предмалку истакнаа од АД ЕСМ на социјалните мрежи.
Македонија
Поради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово
Од 16:50 ч. сообраќајот на регионалниот пат Р1105 с. Удово – Валандово е во прекин поради сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ. Од извори на терен, не известуваат дека сообраќајот кај Пирава веќе се пренасочува, додека за ТМВ е во прекин.
Македонија
Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О. (20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, известува МВР за јавноста.
Македонија
Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и има своја фамилија во Кичево.
Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653 на име „Ivica Poposki“
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком: 143107
Број за донација А1: 143474
Извор: охриѓани (facebook)
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт17 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Спорт2 денаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Хороскоп6 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Временска прогноза5 часаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт10 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
