Здравје и убавина
Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе
Ако постојано сте во движење, зафатени со работа и секогаш во брзање, веројатно тешко наоѓате време да се посветите на себе и на физичката активност. Но, со малку организација и вистински навики, можно е да се грижите за своето тело и здравје, без разлика на обврските.
Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат полесно да ја одржувате линијата и да се храните поздраво:
1. Опремете ја кујната со здрави намирници
Отстранете ја нездравата храна полна со калории и заменете ја со свежи, нутритивни производи. Ако дома имате само квалитетни намирници, помала е веројатноста да посегнете по нешто нездраво.
2. Одредете точно време за вежбање
Планирајте го тренингот како обврска што не се прескокнува. Најдобро време за вежбање за зафатените луѓе е наутро — пред мејловите, состаноците и стресот од денот. Така ќе започнете со повеќе енергија и фокус.
3. Подгответе ги оброците однапред
Изберете намирници што можат да се чуваат неколку дена и подгответе ги оброците навечер. Така ќе имате контрола врз тоа што јадете и нема да претерувате со количината. Овој навик ќе ви заштеди време и ќе ви помогне да се храните поумно.
4. Ограничете го внесот на шеќер и кофеин
Едно утринско кафе е во ред, но повеќе кафиња дневно можат да направат повеќе штета отколку корист. Исто така, избегнувајте слатки и брзи грицки кога сте под стрес — тие нудат моментална енергија, но подоцна го зголемуваат заморот.
5. Одберете здрави грицки
Секогаш имајте при рака здрави опции: јаткасти плодови, свежо овошје, моркови или енергетски плочки без додаден шеќер. Не заборавајте и на доволно течности во текот на денот, особено во топлите месеци.
6. Вежбајте со партнер
Ако тешко се мотивирате сами, најдете партнер за вежбање. Заедничката поддршка и мотивација значително ја зголемуваат веројатноста да останете доследни на тренинзите. Со овие едноставни навики, ќе можете полесно да го балансирате динамичниот живот со здрав и активен стил.
Здравје и убавина
Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.
Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.
Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.
Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.
– „Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.
Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.
Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!
Здравје и убавина
Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително влијаат врз нашето здравје. Многумина веруваат дека редовното пиење превриена вода може да помогне во намалување на одредени здравствени проблеми.
Кога водата ќе се загрее до точка на вриење, се смета дека дел од тешките метали и штетните материи кои можат да бидат присутни во водата од чешма се намалуваат. Британските експерти по испитување врз тоа истакнуваат исто така дека по петминутно вриење, често може да се забележи талог кој останал по ладењето на водата.
Како што се смета, топлата или жешката вода може да има различни поволни ефекти врз организмот:
- Една чаша топла вода на ден може да го поттикне чистењето на кожата, особено кај лица со сува кожа или склоност кон акни.
- Топлата вода ги релаксира мускулите, па затоа се препорачува како природен начин за ублажување менструални грчеви.
- Пиењето жешка вода наутро пред јадење или половина час по оброк може да ја подобри работата на варењето и да ја намали подуеноста и гасовите.
- Консумацијата на топла вода на празен стомак понекогаш се препорачува за смирување на уринарни тегоби и намалување на желудочната киселина.
- Редовното пиење топла вода може да ја стимулира циркулацијата, потењето и исфрлањето на токсините, што индиректно го олеснува товарот врз бубрезите.
- Ако испиете чаша топла вода околу еден час по јадење, тоа може да го забрза метаболизмот и согорувањето калории.
- Се смета дека топлата вода може да помогне и кај астма, икавица, настинки или кашлица, давајќи чувство на олеснување и дополнителна енергија.
Здравје и убавина
„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
Солта го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот многу поголемо отколку што мислиме. Таа е главен извор на јод, чиј недостиг може да доведе до појава на гуша. Но, прекумерната употреба на сол исто така може да предизвика низа здравствени проблеми.
Надуеност
Доколку се борите со надуеност, намалувањето на внесот на сол може значително да помогне. Премногу сол го зголемува нивото на натриум, што доведува до задржување течности и чувство на подуеност.
Висок крвен притисок
Солта директно влијае врз крвниот притисок. Колку повеќе сол внесуваме, толку повисоко е нивото на натриум во телото, што го зголемува притисокот. Намалувањето на солта за околу 4,6 грама може да придонесе за намалување на крвниот притисок. И премалку сол не е добро, па затоа е важно внесот да биде балансиран.
Срцеви заболувања
Иако натриумот е неопходен за правилно функционирање на организмот, неговиот вишок може да доведе до кардиоваскуларни заболувања, срцева слабост и мозочен удар. Прекумерната консумација на сол го зголемува ризикот двојно. Особено ранливи се пушачите, постарите лица, дијабетичарите и луѓето со висок крвен притисок.
Когнитивни способности
Покачениот крвен притисок може да предизвика проблеми со мозокот. Лицата кои внесуваат многу сол и водат пасивен начин на живот имаат поголем ризик од намалување на когнитивните функции. Експертите препорачуваат ограничување на солта и најмалку 30 минути дневна физичка активност.
Бубрези
Бубрезите се задолжени за филтрирање на отпадните материи од крвта. Високиот крвен притисок создава притисок врз артериите и може да доведе до нивно затајување. Луѓето со бубрежни проблеми често чувствуваат подобрување ако го намалат внесот на сол. Здравјето на бубрезите е тесно поврзано со количината натриум во организмот.
Потреба за сол
Лицата кои редовно консумираат големи количини сол обично развиваат зголемена желба за уште повеќе. На нив им се препорачува постепено да ја заменат солта со други зачини, како на пример црн пипер.
Мозочен удар
Прекумерната употреба на сол го зголемува натриумот во крвта и доведува до висок крвен притисок еден од главните ризик-фактори за мозочен удар. Намалениот внес на сол е клучен за контрола на натриумот и зачувување на здравјето.
Кожа
Големото количество сол во организмот може да предизвика отоци (едеми) на рацете, нозете и глуждовите. Иако овие случаи се поекстремни, честопати може да се забележат и поумерени промени на кожата.
-
Кичево14 часа(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (30 ноември)
-
Спорт2 дена(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
-
Хороскоп6 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Македонија2 денаСпречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица
-
Здравје и убавина2 дена„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
-
Спорт1 денМакедонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
-
Македонија16 часаКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
