Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
Хроника
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, по подолга и тешка болест поради која беше хоспитализиран во KCUS.
Халид Бешлиќ зад себе остави кариера долга повеќе од четири децении, исполнета со бројни хитови што со текот на времето стекнаа статус на евергрин и останаа незаменлив дел од секое музичко дружење.
Роден е на 20 ноември 1953 година во селото Кнежина, во близина на Соколац. Иако првично се занимавал со столарски занает и завршил колеџ за менаџмент, уште од најрана возраст ја покажувал својата страст и талент за музика — дар кој подоцна го направи едно од најпрепознатливите имиња на балканската естрада.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Кичево24 часаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Хороскоп18 часаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Lifestyle1 денКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
-
Магазин1 денGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Магазин1 денXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
-
Магазин1 денAmazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија
-
Кичево6 часаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
