Следете не

Гејминг

Age of Empires Mobile пристигнува на 17 октомври на Android и iOS

Објавено пред

на

Новата мобилна верзија на легендарната стратешка игра Age of Empires, развиена од TiMi Studio Group и World’s Edge, ќе биде  објавена на 17 октомври на Android и iOS.

Age of Empires Mobile, новата игра од култната стратешка серија во реално време Age of Empires, се подготвува за глобално објавување. Долгоочекуваната игра за мобилни телефони доаѓа на Android и iOS на 17 октомври.

Развиена од TiMi Studio Group во соработка со World’s Edge, играта ветува свежо, но сепак познато искуство за фановите, нудејќи ги клучните елементи на легендарната игра во нов формат погоден за мобилни телефони.

Објавата беше објавена на платформата X, а по објавата следеше и трејлер

Играта, која има повеќе режими за еден играч, ќе им овозможи на корисниците да ја градат својата империја во средновековен амбиент кој вклучува историски локации и личности, сложени боишта и реално оружје. Почнувајќи со само еден пункт, вашите стратешки одлуки и сојузи ќе бидат клучни за трансформирање на вашата скромна империја во моќна цивилизација.

Но, тоа не е се. Еден од клучните аспекти на играта е можноста корисниците да ги водат своите војски користејќи легендарни историски херои.

Секој од овие ликови ќе има уникатни вештини и таленти кои корисниците можат да ги искористат за да добијат стратешка предност на бојното поле. Фановите на оригиналниот Age Of Empires кои со нетрпение чекаат да ја пробаат оваа игра на својот мобилен уред нема да мора да чекаат уште многу, бидејќи претрегистрацијата е веќе возможна на веб-страницата на Aeomobile.

Гејминг

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Објавено пред

на

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од лансирањето. Веста пристигнува само неколку дена откако EA објави дека компанијата станува приватна, во зделка вредна 55 милијарди долари.

Импресивни бројки на почетокот

Според податоците, играчите во првите денови одиграле повеќе од 172 милиони онлајн натпревари, а стриминг платформите забележале над 15 милиони прегледи поврзани со играта.
Овие бројки ја прават најуспешната премиера во историјата на франшизата Battlefield. За споредба, претходното издание, Battlefield 2042 (2021), продаде околу 4,2 милиони примероци во првата недела.

Реакции од EA

„Прво и најважно, сакаме да им се заблагодариме на нашите играчи,“ изјави генералниот менаџер на франшизата, Бајрон Бид.
„Никогаш не ги земаме ваквите моменти здраво за готово, па затоа сакам да ја изразам нашата искрена благодарност до нашите глобални Battlefield Studios и страствената заедница што ни помогна да стигнеме до оваа точка,“ додаде Винс Зампела, извршен потпретседател на EA.

EA станува приватна компанија

Лансирањето на играта се совпадна со веста дека EA ќе премине во приватна сопственост. Новите сопственици се Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (PIF), како и компаниите Silver Lake и Affinity Partners.
Сепак, дел од синдикално организираните вработени во EA изразија загриженост за зделката, предупредувајќи дека „со приватизација, работниците губат транспарентност, видливост и моќ“.

Достапност

Battlefield 6 официјално беше објавена на 10 октомври, и е достапна за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S.
Првата сезона на дополнителна содржина ќе пристигне на 28 октомври.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

Магазин7 часа

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија8 часа

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

Кичево8 часа

„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево

Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното...

Временска прогноза9 часа

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3...

Македонија10 часа

ДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови

Бигорскиот манастир истакна соопштение и демант за злоупотребата на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови. Се чувствуваме...

Кичево12 часа

(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди

Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel &...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за вторник (2 декември)

ОВЕН Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни...

Кичево1 ден

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини,...

Македонија1 ден

ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во...

НАЈЧИТАНИ