Кичево
Ајде кичевчани да подадеме рака, во недела се организира голем хуманитарен концерт „Од срце за Адриана“

Почитувани кичевчани, драги хуманитарни луѓе со големо срце, помагатели, фирми. Благодарение на кичевската приватна музичка школа за пијано и гитара „MMP – Mini Musicians Production“ и „Addicted“ бенд помогнати од нас и останатите субјекти, во недела на 12.06.2022 со локација НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 19:00 часот организираме холем хуманитарен концерт за самохрана мајка Адриана Стефаноска која има потреба од операција на Тумор на мозокот и итно и се потребни финансиски средства.
За таа цела, овој концерт ќе има симболична влезница од 100 денари и истите ќе значат донација за побрзо закрепнување на Адриана. Да бидеме дел од оваа музичка манифестација со цел да ја покажеме нашата хуманост која од секогаш била на високо ниво!
Кичево
Викенд програма @Република 96250

Петок (08/07/2022) во Клуб Република 96250 уживајте во електронските звуци предводени од „Andreja Salpe“ со почеток во 21:00 часот.
„The Backdoor Band” се едни од ретките, ако не и единствените во нашата држава кои сеуште ги негуваат звуците на “рок” музиката.
Сабота (09/07/2022) во Клуб Република 96250 со почеток во 21:30 часот.
Кичево
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 06.07.2022 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и населби:
- Дел од корисниците во населба Карпош2, ул. Пиринска, дел од ул. Маршал Тито, како и населба Горица (Од 09:30 до 12:00 часот)
Инфо: струја
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево2 дена
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин2 дена
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Култура4 часа
Утре е „Иванден“, празникот за лекување болести и за добивање потомство, за многу години да е!
-
Автомобили12 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Хроника12 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија1 ден
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (7 јули)
-
Временска прогноза2 дена
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..