Спорт
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
Академија Пандев го декласира Работнички на арената „Тодор Проески“ со 0-5. Домашната одбрана беше очајна, посебно во првиот дел, а тоа прво го искористи Горан Томовски во десеттата минута. Иво Јанакиевски си постигна автогол по центаршутот на Најденов во 24.минута, а Ване Крстески во 44.минута со соло акција уште еднаш ја затресе мрежата на Игор Алексовски. Во второто полувреме, Ване Крстевски стигна до хет-трик. Вторпат погоди во 52.минута од мечот, а во судиското продолжение го постави и конечниот епилог.
Шкендија не успеа победнички да ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига. Силекс во Струга извлече еден бод играјќи 1-1. Тетовци кои поради суспензија не играат на Градскиот стадион во Тетово, повдоа со голот на Дашмир Елези во 17.минута од дуелот, но Силекс израмни во 90.минута преку Арсим Љамалари.
Тиквеш ја совлада Победа на гости во Прилеп со 0-1. Александар Мишов со удар со глава по корнерот од десната страна беше стрелец за гостите во 45.минута од натпреварот.
Интересен меч се одигра и во Штип меѓу Брегалница и Струга ТЛ. Во финишот од дуелот, Укпа Ефион Хоган успеа да ја затресе мрежата на Брегалница користејќи една одбиена топка.
Вчера, Шкупи ја победи Македонија ЃП со 2-1.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВТОРО КОЛО
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1:1
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:5
ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0:1
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0:1
ВЧЕРА: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1
Извор: makfudbal.mk (Прочитајте повеќе за сите спортови)
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Хроника1 денЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево9 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево13 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп23 часаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија1 ден16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија2 денаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Хроника8 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза9 часаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
