Спорт
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип

Академија Пандев го декласира Работнички на арената „Тодор Проески“ со 0-5. Домашната одбрана беше очајна, посебно во првиот дел, а тоа прво го искористи Горан Томовски во десеттата минута. Иво Јанакиевски си постигна автогол по центаршутот на Најденов во 24.минута, а Ване Крстески во 44.минута со соло акција уште еднаш ја затресе мрежата на Игор Алексовски. Во второто полувреме, Ване Крстевски стигна до хет-трик. Вторпат погоди во 52.минута од мечот, а во судиското продолжение го постави и конечниот епилог.
Шкендија не успеа победнички да ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига. Силекс во Струга извлече еден бод играјќи 1-1. Тетовци кои поради суспензија не играат на Градскиот стадион во Тетово, повдоа со голот на Дашмир Елези во 17.минута од дуелот, но Силекс израмни во 90.минута преку Арсим Љамалари.
Тиквеш ја совлада Победа на гости во Прилеп со 0-1. Александар Мишов со удар со глава по корнерот од десната страна беше стрелец за гостите во 45.минута од натпреварот.
Интересен меч се одигра и во Штип меѓу Брегалница и Струга ТЛ. Во финишот од дуелот, Укпа Ефион Хоган успеа да ја затресе мрежата на Брегалница користејќи една одбиена топка.
Вчера, Шкупи ја победи Македонија ЃП со 2-1.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВТОРО КОЛО
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1:1
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:5
ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0:1
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0:1
ВЧЕРА: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1
Извор: makfudbal.mk (Прочитајте повеќе за сите спортови)
Спорт
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување.
Турнирот пред присутните свечено го отвори претседателот на ЗРР “Иванден-Староец”, г-дин Владо Симјановски кој посака топло добредојде на сите жители, гости, спортисти и пријатели.
– Со особена чест и голема радост ве поздравувам и ви посакувам топло добредојде на денешниот настан – традиционалниот турнир во мал фудбал, организиран по повод големиот празник – раѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден.
Овој ден има особено значење за нашето село и нашата заедница. Иванден не е само религиозен празник, туку симбол на духовна обнова, заедништво, традиција. Токму затоа, овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се собереме, да се поврземе и да го одбележиме празникот со младешка енергија, фер игра и дружење.
Голема благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и спонзори кои го направија овој турнир можен. Ви посакувам фер и борбена игра, исполнета со спортски дух, пријателство и почит. А на гледачите – да уживаат во добар фудбал и празничната атмосфера.
Нека Иванден ни донесе здравје, мир, благосостојба и уште многу вакви заеднички собири во иднина.
Нека ни е честит празникот и нека биде успешен турнирот, заврши Симјановски, така што пред турнирот да биде официјално отворен, беше оддадено едноминутно молчење, во знак на почит за прерано починатото момче, во трагична сообраќајка – Димитар Трајчевски кој влече корени од селото.
Ова се денешните резултати:
- Пунџа Слобода – Клас Македоски Брод резултат 1:2
- Мајстори 1 – Рибник Добреноец резултат 1:3
- Кај Кумот-Кафе Фрст Македонски Брод резултат 6:2
- Напредок-Роденденски Пињати резултат 0:3
Утре (понеделник) фудбалскиот турнир влегува во својата финална завршница, каде со старт од 16:00ч присутните ќе можат да уживаат во прекрасната природа, вкусна храна и ладен пијалок.
Распоред на натпревари:
1.Староец-Рибник Добреноец (прв меч)
За полуфинална борба:
1.Клас Македонски Брод
2.Рибник Добреноец
3.Кај Кумот
4.Роденденски Пињати
5.Староец
Спортски поздрав, се гледаме таму!
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија13 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза17 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт5 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Lifestyle14 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена