Магазин
Ако планирате да купите Xbox Series X, направете го тоа наскоро: Microsoft ги зголемува цените
Ако сте заинтересирани да купите конзола Xbox Series X, би било мудро да го сторите тоа што е можно поскоро.
Microsoft ги зголемува цените на Xbox Series X во повеќето земји во август, освен во САД, Јапонија, Чиле, Бразил и Колумбија. Производителот на Xbox, исто така, за прв пат ги зголемува месечните цени на своите претплати за Xbox Game Pass и Xbox Game Pass Ultimate.
Почнувајќи од 1 август, Xbox Series X ќе чини 550 евра во повеќето европски земји. Цените на Xbox Series S остануваат исти на сите пазари.
„Ние се држиме до цените на нашите конзоли многу години и ги приспособивме цените за да ги одразуваат конкурентските услови на секој пазар“, изјави шефот за комуникации на Xbox, Кари Перез за The Verge. „Овие прилагодувања на цената на Game Pass не се поврзани со договорот со Activision Blizzard и се наменети да се усогласат со условите на локалниот пазар“, додаде тој.
Xbox Game Pass поскапува за едно евро
Покрај поскапувањето на конзолата, почнувајќи од 6 јули годинава, поскапуваат и основните и Ultimate пакетите Game Pass за Xbox конзолите за новите претплатници. Основниот Xbox Game Pass ќе се зголеми за едно евро на европскиот пазар, па ќе чини 10,99 евра. Xbox Game Pass Ultimate ќе поскапи за две евра и во иднина ќе чини 14,99 евра. Оние кои во моментов имаат активна претплата ќе го почувствуваат поскапувањето од 13 август.
Зголемувањето на цената на Xbox Game Pass ќе влијае на повеќето пазари, со исклучок на Норвешка, Чиле, Данска, Швајцарија и Саудиска Арабија каде цените ќе останат исти.
Цената на PC Game Pass (9,99 евра), единствената достапна на нашиот пазар, засега останува иста.
/Index
Хороскоп
Месечен Хороскоп (декември 2025)
ОВЕН
Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои не сте успеале. Ќе размислувате за тоа како да нрапвите подобрување, плановите ќе ви делуваат невозможни. Немојте да ги етикетирате вашите идеи како нереални затоа што не се.
БИК
Ќе сакате да избегнувате се во врска со вашите емоции затоа што ќе сметате дека немате сили да се соочите со реалноста на љубовен план. Ќе чувствувате притисок да напраите промена. Ќе ви биде потребна утеха.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате иритирано, сите околу вас ќе ве вознемируваат без некоја особена причина. За среќа тоа ќе трае кратко. Избегнувајте конфликти и останете смирени. Тензијата ќе се намали. Немојте да ја прекршувате вашатарутина.
РАК
Некое незадоволство ќе биде надминато и некој проблем кој сте го имале ќе биде разрешен. Вашата толеранција ќе порасте. Ќе сакате да им се доверите на вашите пријатели и тие ќе ве поддржат. Ќе барате хоби кои ќе ве опушти.
ЛАВ
Изненадени сте од последниот исход на нештата, сте сметале дека некои од нив нема никогаш да се одвиваат онака како што сакате. Вашата енергија е намалена и потребен ви е одмор. Загрижени сте за финансиите, потребно е да направите бизнис план.
ДЕВИЦА
Очекувајте вашето внимание да биде одвлечено од неважни нешта кои не ви донесуваат никаков напредок. Обидете се да останете фокусирани на она кое ви е важно. Вашите идеи ќе ве однесат на вистинскиот пат. Изморени сте во обидувањето да изградите совршен живот.
ВАГА
Денес ќе сакате да направите „чистење“ во вашиот живот. Ќе сакате да се ослободите од нештата кои ве отежнуваат и не ви носат напредок. Постојат некои сили кои ви даваат надеж и ве носат кон подобра иднина. Очекувајте некоја важна порака или писмо. Ќе имате конкуренција.
ШКОРПИЈА
Денес немојте да се колебате, направете ги сите нешта кои ви се на ум затоа што во иднина тие можат да ви станат терет. Очекувајте напредок, ќе бидете ставени под тест кој ќе морате да го играте тактично. Очекувајте некој да ве пофали за вашиот труд.
СТРЕЛЕЦ
Се борите за да се докажете а тоа ви претставува препрека. Коментарите од блиските ве иритираат и ве обесхрабруваат, но продолжете напред и немојте да се откажувате. Ќе се обидувате да го контролирате својот бес. Можно е да избувните и тоа на личност која најмалку заслужува.
ЈАРЕЦ
Очекувајте да бидете испровоцирани, но не подлегнувајте на такви коментари. Ќе бидете во потрага по нешто што ќе ја зголеми вашата енергија. Потребна ви мотивација. Некоја бизнис понуда пристигнува кај вас, ќе биде добра прилика. Ослободете се од стравовите кои долго време ви отежнуваат.
ВОДОЛИЈА
Вашите страсти ве водат, сега е време да им се препуштите. Ќе имате некоја идеа за која ќе добиете неодобрување, но тоа не треба да ве натера да се откажете. Некој ќе ви довери некоја тајна или нешто интимно, размислете добро пред да го споделите. Вашата цел треба да ја пронајдете длабоко во себе.
РИБИ
Ќе се чувствувате чудно и ќе лутате на некои далечни места во вашиот ум. Ќе сакате да побегнете или да направите некоја промена. Можеби ќе се збогувате со некоја личност во вашиот живот. Сега не е време за залудно талкање со мислите, подобро фрлете се на работа. Вашата продуктивност е на врвот.
Здравје и убавина
Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.
Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.
Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.
Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.
– „Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.
Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.
Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!
Здравје и убавина
Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително влијаат врз нашето здравје. Многумина веруваат дека редовното пиење превриена вода може да помогне во намалување на одредени здравствени проблеми.
Кога водата ќе се загрее до точка на вриење, се смета дека дел од тешките метали и штетните материи кои можат да бидат присутни во водата од чешма се намалуваат. Британските експерти по испитување врз тоа истакнуваат исто така дека по петминутно вриење, често може да се забележи талог кој останал по ладењето на водата.
Како што се смета, топлата или жешката вода може да има различни поволни ефекти врз организмот:
- Една чаша топла вода на ден може да го поттикне чистењето на кожата, особено кај лица со сува кожа или склоност кон акни.
- Топлата вода ги релаксира мускулите, па затоа се препорачува како природен начин за ублажување менструални грчеви.
- Пиењето жешка вода наутро пред јадење или половина час по оброк може да ја подобри работата на варењето и да ја намали подуеноста и гасовите.
- Консумацијата на топла вода на празен стомак понекогаш се препорачува за смирување на уринарни тегоби и намалување на желудочната киселина.
- Редовното пиење топла вода може да ја стимулира циркулацијата, потењето и исфрлањето на токсините, што индиректно го олеснува товарот врз бубрезите.
- Ако испиете чаша топла вода околу еден час по јадење, тоа може да го забрза метаболизмот и согорувањето калории.
- Се смета дека топлата вода може да помогне и кај астма, икавица, настинки или кашлица, давајќи чувство на олеснување и дополнителна енергија.
-
Кичево11 часа(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (30 ноември)
-
Спорт1 ден(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
-
Македонија2 денаСпречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица
-
Хороскоп2 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Здравје и убавина1 ден„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
-
Спорт1 денМакедонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
-
Македонија12 часаКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
