Македонија
Албански државјани фатени во шверц на 50 кг охридска пастрмка
Денеска (19.08.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија.
При извршена контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг риба, поточно 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100м, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Македонија.
С.М. и А.С. биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, известуваат од МВР.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Временска прогноза24 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Здравје и убавина14 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
