Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Алиоски и Лидс Јунајтед се разделуваат, нашиот фудбалер доби специјално видео со неговите најдобри моменти во клубот

Објавено пред

на

Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски и Лидс Јунајтед официјално се разделуваат по неуспешните преговори за продолжување на неговиот договор со клубот. Алиоски за сега ќе биде слободен играч, но три екипи од Турската лига веќе се заинтересирани да го донесат во своите редови.

Популарниот играч кој ги освои англиските срца за Лидс одигра 171 натпревар, додека на тимот му донесе 22 гола.

Англичаните со бурни емоции се опростија од нашиот фудбалер, посветувајќи му видео од своите значајни моменти и голови во дресот на Лидс, погледнете:

ФОТО: printscreen / twitter video.

Спорт

Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе се одигра на 17 јуни во албанскиот град Корча, на стадионот на ФК Скендербег, со почеток во 17 часот.

Вториот дуел е закажан за 19 јуни и ќе се одигра во Охрид, на стадионот „Билјанини Извори“, со почеток во 11 часот. Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станковски, ги објави фудбалерите кои ќе настапат на овие два контролни натпревари против Албанија, истакнаа од ФФМ.

За претстојните натпревари во составот се земени нашите деца од Кичево, кој матичен клуб е „ФК Кичево“, тоа се Борис Матески и Павел Димоски, им посакуваме среќа и успех!

Ова се момчињата кои се најдоа на располагање на селекторот Станковски:

ГОЛМАНИ:

Марио Стојановски – Кул Здравје

Огнен Божиновски – Кул Здравје

Јован Даноски – ФФМ Академија

ОДБРАНА:

Дин Рожајац – ФФМ Академија

Калин Аврамоски – ФФМ Академија

Ариан Исаку – Шкендија

Андреја Блажев – ФФМ Академија

Филип Богоевски – ФФМ Академија

Ејман Емини – ФФМ Академија

Давид Рамадан – Фер Плеј

Хамза Зибери – Парк

СРЕДЕН РЕД:

Давор Танески – ФФМ Академија

Павел Димоски – ФФМ Академија

Дин Баталоски – Пелистер

Борјан Костовски – ФФМ  Академија

Давид Петрески – Фер Плеј Охрид

Доротеј Христов – Парк

Васко Трајков – ФФМ Академија

Стефан Стојаноски – ФФМ Академија

НАПАД:

Виган Таири – ФФМ Академија

Драган Петков – Валандово

Борис Матески – Кичево

Јован Јанчевски – ФФМ Академија

Нено Бафтијар – Бутел

Дијар Алиу – Шкупи

Прочитај повеќе...

Спорт

Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е 87-ми на АТП листата. Натпреварот заврши во два тајбрејка – 6:7, 6:7 – и траеше еден час и 38 минути. И покрај борбата, ниту еден од двајцата не успеа да направи брејк.

Опелка доминираше со 24 аса, додека Медведев имаше седум поени директно од свој сервис. Во полуфиналето, Опелка ќе игра против победникот од мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс (63) и Естонецот Маркус Љал (195).

И другиот руски претставник, Карен Качанов, не успеа да стигне до полуфинале. Тој загуби од Канаѓанецот Габриел Дијало, кој е 55-ти на светот, со резултат 6:7, 4:6. Мечот траеше еден час и 53 минути. Качанов, 24-ти на светската листа, успеа да направи еден брејк, но Дијало возврати со два брејка и вкупно 19 аса, наспроти седумте сервис-поени на Качанов.

Дијало во полуфиналето ќе се соочи со Французинот Уго Ембер (20), кој убедливо го победи Португалецот Нуно Борхес (38) со 6:1, 6:4.

Прочитај повеќе...

Спорт

Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Објавено пред

на

©porta.mk

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне, кој има 33 години, последната деценија ја мина во Манчестер Сити, каде одигра 422 натпревари, постигна 108 голови и забележа 177 асистенции.

Со Сити ја освои Лигата на шампионите во 2023 година, како и шест пати Премиер лигата. За репрезентацијата на Белгија има 111 настапи и 31 гол. Во текот на својата кариера играше и за клубовите Генк, Вердер Бремен, Челзи и Волфсбург.

Наполи неодамна стана шампион во италијанската Серија А, освојувајќи ја титулата по четврти пат во својата историја.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза42 минути

Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец....

Кичево7 часа

(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до...

Кичево8 часа

(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започната уште во 2015 година, тогаш со...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за сабота (14 јуни)

Овен Доколку сте ангажирани околу нешто кое е поврзано со продажба или патувања- ќе бидете многу успешни. Ќе доживеете многу...

Спорт1 ден

Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе...

Спорт1 ден

Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е...

Свет1 ден

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа...

Спорт1 ден

Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне,...

Хроника1 ден

Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано...

Македонија1 ден

Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете

На 12.06.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот...

НАЈЧИТАНИ