Спорт
Алиоски: „Сонот за пласман на Европско беше од овде, ќе се обидеме да победиме денес против Грузија!“

Македонската А репрезентација денес во 18:00 часот во Тбилиси го игра натпреварот од 5. коло во групата од Лига на нации против домашната Грузија. На официјалната прес-конференција пред новинарите говореа селекторот Благоја Милевски и репрезентативецот Езѓан Алиоски.
Езѓан Алиоски – репрезентативец на Македонија:
– Го исполнивме сонот овде, се пласиравме на Европско првенство, но тоа е веќе зад нас. Не е важно дали играме пред полни трибини или без публика, навивачите не се на теренот, за добар резултат треба да одиграме добар фудбал, а ние сме дојдени за да го покажеме нашиот квалитет. Поразот дома навистина беше болен за нас и ќе се обидеме да победиме тука.
– Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е мотивација сам за себе. Победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Не сме под притисок и мислиме само на тимот.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
– Секогаш е важен тимот. Тој победува, а не индивидуалците. Се концентрираме на тоа како ќе функционираме како тим против одличен противник. Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот против Италија и Португалија, но за жал се соочивме со многу проблеми во Лига на нации. Имавме многу повредени фудбалери и принудно менувавме, иако тоа не беше план. Продолжуваме со таа транзиција, а ова е можност да се увериме во квалитетот на помладите фудбалери. Додека постојат и најмали шанси ние ќе се бориме.
– Никогаш не се навраќам на минатото, а нема ниту на мечот со Грузија во Скопје. Играат поразличен фудбал од порано, а дали се поквалитетни од нас, ќе покаже времето. Во фудбалот не победува секогаш подобриот. Ако мислиме дека не можеме да победиме тука, не би ни дошле. Овде сме дојдени да победиме.
Спорт
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ

Оваа година ФФМ прославува уште еден јубилеј, а тоа е 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем. За таа цел, во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, во организација на УЕФА и Фудбалската Федерација на Македонија беше одржана меѓународна работилница поврзана со UEFA клупскиот лиценцен систем на кој учество земаа 23 држави од Европа.
На истиот беа присутни сите лиценцни менаџери заедно со нивните тимови на експерти на кои разменија искуства и најдобри пракси поврзани со клупскиот лиценцен систем во нивните земји.
На работилницата беша презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Генералниот секретар Филип Поповски, а додека техничкиот директор Зоран Стратев презентираше за работата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на развојот на младинскиот фудбал и работата на фудбалските академии.
На покана на ФФМ, беше направена и презентација од страна на ФК Работнички, преку Генералниот секретар Ненад Монев, за нивната работа со млади категории и стратегијата за општествена одговорност. Имено, ФК Работнички е единствениот клуб кој учествува во сите лиценцни процеси во изминатите 20 години, започнувајќи од 2003 година.
Спорт
Ова се противниците за пласман во ЕП2025 на младата репрезентација на Македонија во фудбал до 21 година

Младата репрезентација на Македонија до 21 година за противници ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година.
На денешното извлекување во Нион, Швајцарија, беа одредени групите за 52 репрезентациите кои ќе бидат дел од квалификацискиот циклус за фудбалери до 21 година.
Квалификациите за пласман на ЕП започнуваат во март 2023 година и ќе траат до ноември 2024.
Репрезентацијата на Словачка како домаќин на финалниот турнир е директен учесник на ЕП 2025 година.
Квалификации за фудбалери до 21 година за пласман на ЕП 2025 во Словачка:
Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино;
Група Б: Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта;
Група Ц: Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар;
Група Д: Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија;
Група Е: Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија;
Група Ф: Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург;
Група Г: Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора;
Група Х: Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар;
Група И: Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија;
Спорт
Ѓоковиќ незапирлив! Гркот ќе мора подобро да се спреми и да почека за триумф!

Новак Ѓоковиќ е неприкосновен крал на Мелбурн! Кога и да оди во „Род Лејвер“ Арената да се бори за трофејот, српскиот тенисер едноставно не може да загуби, па продолжи да владее на Австралија опен – 10 трофеи во 10 финалиња.
Во моментов Стефанос Циципас беше единствениот способен да му се спротивстави бидејќи го игра својот најдобар тенис, сепак Гркот ќе мора да почека уште малку на својот прв Грен слем. Новак играше како да немал повреда на грбот цело време, со својата ментална сила ја совлада целата голгота што лани му ја подготвија Австралијците со депортација и во спектакуларното финале убедливо го совлада Циципас – 3:0 (6 :3, 7:6, 7:6).
KING OF MELBOURNE 👑 @DjokerNole pic.twitter.com/myM619PTVN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2023
Во мечот каде што победникот зема се, Ѓоковиќ стигна до својот 10-ти триумф на Австралија опен, негова 22-та Грен слем титула во 33-то финале, израмнувајќи го со Рафаел Надал, неговата 93-та титула во кариерата (четврта зад Лендл, Федерер и Конорс). нова заработка од 2.975.000 долари (вкупно 167,5 милиони долари во кариерата) и конечно да се врати на првото место на АТП листата бидејќи од денес (има 6.970 поени. Новак е неуништлив.
Новак го отвори 13-от меѓусебен дуел, втор во финалето на Грен слем, против Циципас. Одлично сервираше, го изнуди послабиот бекхенд на ривалот и поведе со 4:1 со брејк во четвртиот гем. Потоа лесно го доби првиот сет со 6:3 во 36 минута.
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет6 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Видео6 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици