Спорт
Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!
Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им се спротивставиме на Националната арена во Букурешт.
Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски зборуваше за очекувањата од натпреварот.
– Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не беше добар за нас, но мораме да размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги корегираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина.
Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90. минути. Имаме квалитет да постигнеме два гола дури и да сме во негатива.
Најважно е да веруваме во себе и во тимот.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево4 часаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
