Lifestyle
Аматерски астрономи снимија необичен блесок на Јупитер
Пред неколку дена астрономите снимија краток светлосен блесок на Јупитер, предизвикан од удар на небесно тело на „гасниот џин“.
Сликите, направени нешто повеќе од еден час по полноќ на 29 август, се направени од два аматерски астрономски колективи: OASES и PONCOTS.
8月29日1時45分(日本時間)に木星表面で発生した閃光について、多くの皆様から観測報告をいただきました。ご協力感謝いたします。
現時点までにアマチュア観測家の皆様からご提供いただいた動画データを使用して、閃光が発生した瞬間の木星の高解像度画像を作成しました。 pic.twitter.com/yHIp6VMUas— 京都大学OASES/PONCOTSプロジェクト (@OASES_miyako) August 31, 2023
Различни вселенски тела често го погодуваат Јупитер поради неговата силна гравитација и близината до главниот астероиден појас. Астрономите забележале голем број такви случаи, најзначајните во 1994 година, кога остатоците од кометата Шумејкер-Леви 9 удриле на петтата планета на Сончевиот систем, по што нивните траги во атмосферата биле видливи со месеци.
きのうのTLで知った木星の閃光、撮影したデータを確認してみたら写っていました。
…声が出ました(^^;
日本時間2023年8月29日1:45、世界時28日16:45です。https://t.co/UYhnvAmA63https://t.co/Y7nCHtJq4k pic.twitter.com/g0FerdyoVg— MASA Planetary Log (@MASA_06R) August 29, 2023
Јупитер игра важна улога во заштитата на внатрешниот Сончев Систем од удари на астероиди и комети со привлекување и апсорпција на удари или исфрлање потенцијално опасни објекти понатаму во Сончевиот систем.
Се смета дека фреквенцијата на удари на различни небесни тела на Јупитер е помеѓу 2.000 и 8.000 пати поголема од ударот на Земјата.
/euronews
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
Lifestyle
5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис
Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.
5. Шнауцер
-
Достапни во три големини.
-
Познати по интелигенција и лојалност.
-
Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.
4. Малтезер
-
Мало, нежно и пријателско куче.
-
Хипоалергично и паѓа исклучително малку.
-
Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.
3. Португалско водно куче
-
Интелигентни, енергични и многу послушни.
-
Обожаваат вода.
-
Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.
2. Бишон Фризе
-
Разиграно, нежно и многу приврзано куче.
-
Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.
-
Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.
1. Пудлица
-
Една од најинтелигентните раси во светот.
-
Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.
-
Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.
-
Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“
Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?
-
Правилната исхрана е клучна.
-
Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.
-
Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.
Извор: Vecernji
Lifestyle
Како да го спречите замаглувањето на прозорците со средство што веќе го имате дома
Кондензацијата на прозорците е еден од најчестите зимски проблеми во домаќинствата. Секое утро истиот призор — капки вода по стаклото, влажни рамки, па дури и појава на мувла. Освен што е напорно за чистење, влагата може да го оштети домот и да предизвика непријатни мириси.
Добрата вест? Постоји едноставно, евтино и изненадувачки ефикасно решение што сигурно веќе го имате во бањата — пена за бричење.
Како да спречите кондензација со пена за бричење?
Овој трик станал популарен на форумот „Money Saving Expert“, каде што многумина барале решение за секојдневното замаглување на прозорците. Најдобриот совет дошол од жена која испробала сè — и најмногу ѝ помогнала токму пената за бричење.
Процесот е многу едноставен:
-
Нанесете мала количина пена за бричење на внатрешната страна од прозорецот.
-
Рамномерно распоредете со сува, чиста крпа.
-
Не нанесувајте многу — доволен е тенок, едвај видлив слој.
-
Полирајте додека стаклото не стане целосно проѕирно.
Според нејзиното искуство, овој метод создава заштитен хидрофобен слој, кој спречува водата од воздухот да се таложи на студеното стакло. Резултатот? Прозорци без замаглување и без секојдневно бришење.
Зошто ова функционира?
Пената за бричење содржи состојки што формираат водоодбоен (хидрофобен) филм.
Овој филм ги одбива водените честички и им спречува да се претворат во капки — токму тоа ја спречува кондензацијата.
Дополнителни совети за намалување на влагата во домот
-
Редовно проветрувајте – кратко, но интензивно проветрување неколку пати дневно.
-
Намалете го сушењето алишта во затворен простор.
-
Користете одвлажнувачи – електрични или гел-осушувачи.
-
Не покривајте радијатори со завеси – блокираната топлина го зголемува таложењето на влага.
Извор: Alo
-
Кичево2 денаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Кичево18 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (2 декември)
-
Магазин14 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Кичево1 денКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 денаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
-
Кичево15 часа„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија17 часаДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови
