Хроника
Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство

За прв пат после катастрофата во Кочани се огласи Ана Костадиновска, која е на домашно лекување, член на бендот и придружен вокал долги години.
– „Си замина дел од моето второ семејство, Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина, а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ“ – истакна Костадиновска на својата социјална мрежа.
Инаку Владимир Блажев-Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата на нивниот последен настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
– Посакуваме побрзо закрепнување на повредените и мир во душите кои почиваат од оваа несреќа!
Хроника
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро

На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското езеро во близина на пумпната станица- Дебар, на околу два метри од брегот на езерото, почината е пронајдена С.А. (27) од Дебар.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, а лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство, по што телото е дадено за обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
СВР Охрид со детали за страшната сообраќајка синоќа на булеварот „Туристичка“ во Охрид

На 19.06.2025 година во 22.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од селото Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. е лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по член 300 став 2 од Кривичниот законик, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и
Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово, информираше МВР.
-
Кичево18 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Lifestyle1 ден
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Македонија2 дена
Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува