Спорт
Анализа на 25. коло од Прва МФЛ, признаени грешките на судиските арбитри
Судиска комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 25. коло во 1. МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
– На натпреварот ФК Работнички – ФК Струга Трим Љум одигран на 02.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 48. минута.
Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;
48. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играчот на Работнички го влече со интензитет напаѓачот на Струга во својот шеснаесетник, спречувајќи го да игра со топка. Исправно досуден удар од 11 метра и доделена дисциплинска мерка (жолт) картон.
– На натпреварот ФК Шкупи – ФК Тиквеш одигран на 03.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 9. минута.
Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Бакрачевски Разме и Мартин Петковски;
9. минута: Погрешна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метра). Играч на Шкупи во свој шеснаесетник со интензитет го соборува (влече) играчот на Тиквеш, спречувајки го да игра со топка. Судијата во оваа ситуација мора да досуди удар од 11 метри и да додели дисциплинска мерка жолт картон.
– На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П. – ФК Пелистер одигран на 03.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 64. и 90. минута.
Главен судија: Марјан Стојановски; Помошни судии: Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски;
64. минута: Погрешна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играч на Македонија е во посед на топката, на него стартува играч на Пелистер со мал интензитет и доаѓа до минимален контакт. Погрешно досуден удар од 11 метра бидејќи контактот не е доволен.
90. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играчот на Пелистер неспретно и со интензитет стартува на нога на играч на Македонија во својот шеснаесетник. Исправно досуден пенал без дисциплинска мерка.
На натпреварот ФК Брегалница – ФК Ренова одигран на 03.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 44, 58. и 78. минута.
Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;
44. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метра). Играч на Брегалница во шеснаесетникот на Ренова се обиде да симулира удар од 11 метра, немаше никаков контакт помеѓу играчот на Брегалница и играчот на Ренова. Исправно досуден индиректен слободен удар и доделена дисциплинска мерка жолт картон за симулација, воедно, тоа беше втор жолт (црвен).
58. минута: Исправна проценка на првиот асистент (нема офсајд позиција). Играч на Брегалница додаде топка до свој соиграч кој беше во линија со претпоследниот играч на Ренова, исправна одлука на асистентот за играта да продолжи бидејки немаше офсајд позиција, од оваа акција беше постигнат гол, голот е исправен.
78. минута: Исправна одлука на судијата(досуден удар од 11 метра.). Играч на Брегалница во свој шеснаесетник со две раце, со интензитет го влече и соборува играчот на Ренова кој е во ветувачка шанса за гол, спречувајќи го да игра со топка. Исправно досуден удар од 11 метра и доделена дисциплинска мерка жолт картон, воедно тоа беше втор жолт (црвен).
– На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Скопје одигран на 03.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 77. минута.
Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Ристо Ѓорѓиев и Кристијан Џонов;
77. минута: Погрешна проценка на првиот асистент (досудено офсајд позиција). Играч на Скопје додава топка до свој соиграч кој се наоѓа во половината на Академија при додавањето. Првиот асистент сигнализира офсајд позиција, погрешна одлука на асистентот, бидејки нема офсајд позиција кога играч тргнува од своја половина.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Хроника2 денаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево19 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево23 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп9 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хроника18 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Македонија2 денаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
