Здравје и убавина
Анализи за консумирање алкохол од 2010 и зачестеноста на карцином во 2020 година
Експертите ги анализирале податоците за консумирање алкохол од 2010 година и зачестеноста на карцином во 2020 година.
Десетгодишниот период на разлика е земен затоа што многу видови на рак, како што се рак на усната шуплина, ларинксот и дојката (кај жени), се развиваат бавно, а веќе е утврдено дека тие имаат последователна врска со потрошувачката на алкохол.
Од минатогодишните 741.300 нови случаи на рак кои можат да бидат поврзани со консумирање алкохол, мажите сочинуваат 568.700, а жените 172.600.
Повеќето карциноми биле рак на хранопроводот, црниот дроб и дојката. Речиси 47 проценти од случаите се поврзани со тежок алкохолизам, кој авторите го дефинираа како внес на 60 или повеќе грама етанол алкохол на ден, или 6 или повеќе пијалоци.
Конзумирање од 20 до 60 грама на ден – 2-6 пијалоци – што авторите на студијата ги сметаат за „ризични“, сочинуваат 39,4 проценти од случаите. Умерено пиење, до 20 грама етанол алкохол, придонесе за развој на рак кај 14% од луѓето.
– „Итно треба да ја подигнеме свеста за врската помеѓу алкохолот и ризикот од рак“, додава Хариет Рамгеј, докторанд на Меѓународната агенција за истражување на ракот при СЗО.
Според неа, мора да се смислат стратегии за заштита на јавното здравје, како што се намалување на достапноста на алкохол, означување на алкохолни производи со предупредување и забрана за рекламирање на алкохолни пијалоци.
/vesti-online.com
ФОТО: rebcenter-moscow / pixabay
Здравје и убавина
Неколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
Топењето на масните наслаги на кој било дел од телото не е процес што се случува преку ноќ. Потребни се време, трпение и доследност за да се постигнат видливи резултати. Не постои „чудотворна“ вежба што сама по себе ќе ги елиминира масните наслаги.
Кај голем број жени, особено во периодот пред менопауза, мастите полесно се таложат во пределот на нозете, а значајна улога во тоа имаат хормоналните промени во организмот. Во прилог неколку совети, истражувани во британско здружение истакнато пред неколку години
Кардио тренинзи
Доколку сакате да ја намалите вкупната телесна тежина, неопходно е да вклучите активности кои го забрзуваат срцевиот ритам. Кардио вежбите помагаат во согорување на калории, што е основа за намалување на масните наслаги. Возење велосипед, трчање или скокање јаже се одлични избори, а истовремено придонесуваат и за обликување и зацврстување на нозете.
Зголемете ја динамиката
Поефикасно трошење на калории се постигнува кога срцето работи побрзо. Трчање по скали или движење по нерамни терени е одличен начин да се постигне тоа. Овие активности го јакнат долниот дел од телото, вклучувајќи ги колковите и бутовите.
Внимавајте што јадете
Иако можеби звучи познато, појадокот не треба да се прескокнува. Тој го активира метаболизмот и му обезбедува на телото енергија за нормално функционирање во текот на денот. Балансиран и хранлив оброк му служи на организмот како гориво и помага сите телесни процеси да се одвиваат правилно.
Хидратација и квалитетен сон
Кога сте жедни, секогаш избирајте вода. Засладените пијалаци не ја заменуваат и можат дополнително да му наштетат на организмот. Водата не содржи калории и е неопходна за добра хидратација. Исто така, доволниот одмор и квалитетниот сон се исклучително важни, бидејќи истражувањата покажуваат дека одмореното тело поефикасно согорува масти.
Вежби насочени кон нозете
Покрај кардио активностите како трчање, пливање или возење велосипед, постојат и бројни вежби специјално наменети за нозете. Практикувајте ги секојдневно, барем по 15 минути. Така ќе создадете здрава навика за движење и ќе му помогнете на телото да складира помалку масни наслаги.
/таратур
Здравје и убавина
Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.
Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.
– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.
Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.
– „Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.
Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.
/taratur
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево17 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура21 часНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија11 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп8 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин20 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
