Спорт
Анчелоти на квалификациските дуели за СП против Чиле и Боливија без ѕвездите Нејмар и Винисиус Жуниор
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави финалниот список на „Кариоките“ за септемвриските квалификациски дуели за Светското првенство – против Чиле и Боливија. Она што веднаш привлече внимание е изненадувачкото отсуство на две големи ѕвезди – Нејмар и Винисиус Жуниор.
Фудбалерот кој на почетокот на годината се врати во Сантос и натаму се мачи со повреди. Веќе скоро две сезони неговата форма е далеку од стабилна, а минатата недела имал нов проблем со бутниот мускул.
– „Нејмар имаше мала непријатност. Најважно е да ја врати натпреварувачката кондиција. Нема потреба да го тестираме – сите добро знаат кој е Нејмар“, објасни Анчелоти.
За разлика од Нејмар, изоставувањето на Винисиус не е поради повреда. Овој пат комбинација од дисциплинска казна и исцрпувачко патување до Ла Паз го натераа селекторот да му даде одмор.
CONVOCADOS! ✅
O mister Carlo Ancelotti divulgou a lista dos jogadores convocados para os jogos nos dias 4 e 9 de setembro contra Chile, no Maracanã, e Bolívia, em El Alto.
ISSO É BRASIL! 🇧🇷 pic.twitter.com/2CC0oDTypL
— brasil (@CBF_Futebol) August 25, 2025
Позитивна вест за Бразил е враќањето на Лукас Пакета, кој во јули беше целосно ослободен од сомнежите за вмешаност во наместени натпревари. Играчот на Вест Хем последен пат настапи за репрезентацијата во ноември 2024. Повторно место во тимот доби и Жоао Педро од Челзи, кој со одличните игри си обезбеди враќање.
Составот на Бразил за квалификациите:
Голмани:
Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал-Наср), Уго Соуза (Коринтијанс)
Одбрана:
Александро (Лил), Алекс Сандро (Фламенго), Каио Хенрике (Монако), Даглас Сантос (Зенит), Фабрицио Бруно (Крузеиро), Габриел Магалхаес (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Вандерсон (Монако), Весли (Рома)
Среден ред:
Андре Сантос (Челзи), Бруно Гимараеш (Њукасл), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Џоелинтон (Њукасл), Лукас Пакета (Вест Хем)
Напад:
Естевао (Челзи), Габриел Мартинели (Арсенал), Жоао Педро (Челзи), Каио Хорхе (Крузеиро), Луис Енрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Рафиња (Барселона), Ричарлисон (Тотенхем)
Спорт
(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.
– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.
Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски
Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.
Спорт
(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.
Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.
Натпреварот во живо проследете го во продолжение:
Спорт
Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот помеѓу двете талентирани генерации од 2014 година против екипата на „ФК Влазрими“. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Дамјан Спасеноски од слободен удар, после низа пропуштени шанси.
Свој натпревар одигра и генерацијата 2016/2017 која што за прв пат со големи амбиции се натпреварува оваа година. Во овој натпревар им подадовме рака на противниците за подобрата игра, стрелец на голот за нашата екипа беше Тадеј Станковски.
* Нашите најмали надежи од 5 и 6 години исто така одиграа фудбалски натпревар за пофалба. Таму стрелецот на голот беше Јован Дојчиноски
Во прилог погоре, се поставени фотографии од генерација 2014, на „ФК Кичево“ преку нашиот објектив. Додека останатите фотографии од другите генерации ќе бидат објавувани на официјалната фан страница од ФК Кичево и нивниот инстаграм профил во текот на денешниот и утрешниот ден.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт13 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Спорт1 денДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Хороскоп2 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт6 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Временска прогноза49 минутиПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд











