Магазин
Анџелина Џоли тврди дека била жртва на семејно насилство, но нивниот развод уште трае..
Анџелина Џоли и Бред Пит не се заедно веќе пет години, но нивниот развод никогаш не завршил. Врската меѓу нив е толку лоша што актерката планира да му презентира докази на судијата дека сопругот ја малтретирал, пренесуваат странските медиуми.
Анџелина и Бред се во брак две години. Тие поднеле барање за развод во 2016 година, но бракоразводната парница не отишла далеку. Сè може да се промени затоа што Анџелина наводно има докази дека била жртва на семејно насилство. Според документите што стигнале до медиумите, таа има намера да ги предаде како доказ на судијата.
Двојката има три посвоени и три заеднички биолошки деца, а тужбата е во врска со старателството над нив и распределбата на заедничкиот имот.
Ова не е прв пат Бред Пит да се соочи со обвинувања дека бил вербално и физички агресивен за време на бракот со Анџелина. Многу брзо откако се разведоа, ФБИ спроведе кратка истрага против него затоа што тој наводно бил насилен кон неговиот најстар син Меодкс додека целото семејство било на приватен авион на едно од патувањата. Сепак, не е поднесена пријава.
Според изворите за „Дејли меил“, Анџелина тврди дека сега има докази за обвинувањата што веќе ги повторила од почетокот на бракоразводната парница и дека инсистира на тоа нивните три најмали деца да се појават пред судијата како сведоци.
Во октомври, судењето беше одложено, бидејќи актерката одлучи да отпушти еден од своите адвокати, а ова е втор пат да го смени својот адвокатски тим, бидејќи не сака да го дели старателството над децата со Пит.
Својата позната врска двајцата ја започнаа на снимањето на заедничкиот филм Mr. & Mrs. Смит. Во тоа време, Пит сè уште беше оженет со Џенифер Анистон. Двојката се венча во Франција во 2014 година, по десет години врска, но бракот траеше само две години.
ФОТО: marieclaire.co.uk
Хороскоп
Хороскоп за среда (20 август)
ОВЕН
Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и се посветите на саканата личност ако сакате вашиот однос да води до брак и заедница во иднина. Најдете време за одмор.
БИК
Можеби очекувате премногу на деловно поле од денешниот ден. Не би било добро да се залетувате со вложувања. Поработете на комуникацијата со партнерот за да се подобри односот. Можни се проблеми со срцето.
БЛИЗНАЦИ
Можеби ќе добиете можност за промена на работното место или ќе имате работа поврзана со странство. Ви делува дека партнерот прилично е затворен и не ви се допаѓа неговиот пристап кон вас. Проблеми со забите.
РАК
На деловно поле нагласена ви е неповолна фаза. Ве очекува период кој може да ви биде променлив. Флертувате и не ви е лесно да се одлучите само за една личност, бидејќи имате многу додворувачи. Здравјето е сѐ подобро.
ЛАВ
Максимално се трудите на деловно поле да остварите добар имиџ и добар однос со соработниците. По искрениот разговор со саканата личност може да очекувате некаков вид на олеснување. Можни се проблеми со стомакот.
ДЕВИЦА
Се препорачува денес да се посветите на плановите на деловно поле. Потребно е да бидете тактични во некои моменти. Доколку сте во врска, можно е да имате помали проблеми со партнерот. Имате вишок енергија.
ВАГА
Ви се отвораат нови можности кога станува збор за работата. Спремни сте да се посветите на своето напредување. Новото љубовно познанство во вас буди желба за влезете во сериозна љубовна врска. Одлично здравје.
ШКОРПИЈА
Можеби се трудите на деловно поле да го давате својот максимум, но не ви е лесно да остварите најдобри резултати. Може да очекувате позитивно решение за некои проблеми кои сте ги имале со партнерот. Посветете се на вежбање.
СТРЕЛЕЦ
Се преиспитувате себеси и доаѓате до заклучок дека е крајно време да го менувате своето работно место. Можеби сте разочарани поради врска од минатото. Дајте си себеси некое време да го преболите минатото. Внимавајте на исхраната.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате помали промени на деловно поле. Не ви е лесно да задржите сосема стабилна состојба. Потребно е да стекнете повеќе самодоверба за да ја пронајдете својата среќа на деловно поле. Работете на тоа да го зајакнете имунитетот.
ВОДОЛИЈА
Доколку сте посветени на остварувањето на деловните цели, потрудете се да бидете темелни во извршувањето на деловните задачи. Ќе остварите добра комуникација со партнерот кој ќе покаже дека ви дава поддршка. Водете сметка за градниот кош.
РИБИ
Почекајте на деловно поле да дојде до решавање на ситуацијата која ве загрижува. Овој период не ви е поволен. Сигурни сте во вашата љубов и посветени и сте на саканата личност. Може да очекувате задоволство. Солидно здравје.
Lifestyle
Домашен сок од грозје – рецепт што враќа во детството
Ако сакате пијалок со природен вкус и арома, кој ќе ве потсети на детството, домашниот сок од грозје е вистинскиот избор.
Без конзерванси и вештачки бои, овој сок е здрав и полн со природна сладост што ја дава само зрелото грозје. Подготовката е едноставна, а резултатот е освежителен пијалок што може да го чувате и пиете преку целата година.
Состојки
-
5 кг црно или бело грозје (зрело и слатко)
-
1 литар вода
-
500–700 г шеќер (по вкус)
-
сок од еден лимон (опционално, за свежина и подолго складирање)
Подготовка
-
Измијте го грозјето и одделете ги бобинките од стеблата. Отстранете оштетени или скапани зрна.
-
Ставете го грозјето со водата во голем сад и варете на средна температура околу 20–30 минути, сè додека бобинките не омекнат и не почнат да пукаат. Повремено мешајте и притискајте ги со вилушка за да ослободат повеќе сок.
-
Оставете ја смесата да се олади, а потоа процедете ја низ густа цедалка или газа.
-
Добиениот сок вратете го во чист сад, додадете шеќер по вкус и, ако сакате, сок од лимон. Варете уште 10–15 минути додека шеќерот целосно не се раствори.
-
Истурете го топлиот сок во стерилизирани стаклени шишиња, веднаш затворете ги и свртете ги наопаку на неколку минути за да се вакуумираат.
-
Оставете ги шишињата целосно да се изладат.
Резултатот е природен, ароматичен и вкусен сок кој ќе ве освежува во секое време од годината.
Извор: Nezavisne
Lifestyle
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
Во текот на летото, високите температури и лесната облека бараат да останеме свежи подолго. Но, многу луѓе прават несвесни грешки при користење дезодоранс. Некои го намалуваат неговото дејство, а една може да биде и опасна за кожата.
Нанесување на влажна кожа
По туширање, ако дезодорансот го нанесете додека кожата е сè уште влажна, тој нема добро да се задржи и ќе има послаб ефект.
-
Почекајте кожата целосно да се исуши пред да нанесете.
Тесна или синтетичка облека
Дури и најдобриот дезодоранс не помага ако кожата не може да дише. Синтетичките материјали и тесната облека ја задржуваат топлината и влагата, што предизвикува повеќе потење.
-
Изберете памук, лен или вискоза за свежина во текот на денот.
Нанесување врз испотена кожа
Многумина додаваат уште еден слој дезодоранс врз веќе испотена кожа, мислејќи дека ќе помогне. Всушност, тоа може да ја влоши ситуацијата и да предизвика иритации.
-
Прво избришете или измијте го пределот под пазувите, па потоа нанесете повторно.
Заборавање на ексфолијација
Под пазувите се акумулираат мртви клетки, исто како и на другите делови од телото. Тоа го намалува дејството на дезодорансот.
-
Направете нежен пилинг еднаш неделно – ќе имате подобра апсорпција, помал ризик од иритации и помазна кожа.
Со овие едноставни навики ќе овозможите дезодорансот да делува максимално и ќе ја зачувате кожата здрава и свежа.
Извор: Informer
-
Кичево2 денаОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Кичево2 денаИграорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (19 август)
-
Македонија13 часаМВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Култура17 часаДенес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Хороскоп4 часаХороскоп за среда (20 август)
-
Македонија2 денаДенес во Штип, Македонската Армија одбележува 33 години од своето формирање, три децении исполнети со професионализам, посветеност и храброст