Спорт
Андов одличен! Женската репрезентација во гости ја победи Летонија во супериорна тактички поставена игра

Женската репрезентација славеше во воведното коло од Лига на нации против Летонија на гости. Македонската А женска репрезентација славеше победа од 4:3 против Летонија на гостувањето во Рига. Во деби натпреварот на селекторот Александар Андов, нашата најдобра женска селекција се радуваше на првата победа на стартот од изданието на Лига на нации.
Македонија постигна три голови по првото полувреме за наше водство од 3:1, откако во 7. минута Миксоне го даде водечкиот погодок за Летонките. Гентјана Рочи во 17. минута израмни на 1:1, следуваше автогол на домаќинките, а Наташа Андонова во 32. минута погоди за 3:1.
Четвртиот гол за нашата селекција го постигна Милевска во 69. минута за 4:2. Конечниот резултат беше поставен во 76. минута.
Спорт
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.
Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство, Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени.
– Со Амди, Џеко, Диљо и Исак разговаравме за нивната работа и подобрувањата на условите за работа.
– Ја препознавам нивната посветеност, работат и по 14 часови на ден во секакви временски услови. Заеднички ќе се потрудиме да обезбедиме терени со врвен квалитет, конечно, го вреднуваме нивниот труд – истакна Омерагиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
Во прилог погледнете го видеото ТУКА од средбата со истакнатите вработени во Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот ќе се одржи во хотелот Хилтон, на 11. февруари (вторник), со почеток од 11:00 часот, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната 2024 – 2025 во Првата и Втора МФЛ, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
-
Кичево2 дена
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
-
Кичево1 ден
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (7 февруари)
-
Кичево7 часа
Неделна и викенд акција на производи само во „АТВА Маркети“ – Кичево, купувајте и заштедете!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (8 февруари)
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) Кина изгради 160 километри автопат со автономни машини на вештачка интелигенција, без човечка асистенција
-
Временска прогноза15 часа
Нè очекува суво време со ниски температури
-
Спорт1 ден
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија