Следете не

Магазин

Android темелно ќе ги скенира апликациите пред да ги инсталира

Објавено пред

на

Иако Google Play Store не е совршен, сепак носи голема безбедност кога станува збор за апликациите од оваа продавница. Но, ако изберете да инсталирате апликации од друг извор, препуштени сте сами на себе. Може да биде валидна апликација, но и паметно маскиран малициозен софтвер. Бидејќи не е можно целосно да се спречат корисниците да инсталираат такви апликации, Google (конечно) одлучи да им помогне на корисниците со скенирање на секоја апликација пред нејзината инсталација.

Тоа е Google Play Protect, кој постои долго време во Play Store, но досега користеше побрзи (и помалку прецизни) техники за откривање на малициозен софтвер. Исто така, овој процес апликацијата досега го изведуваше во позадина, па корисниците не беа ни свесни за неговото присуство. Новата техника ќе ја паузира инсталацијата на апликацијата, додека на екранот ќе се појави скокачки прозорец со информации за скенирањето и неговите резултати. Скенирањето ќе биде многу подетално и ќе вклучува испраќање сомнителни делови и делови од код до Google за анализа.

Ова вклучува идентификација на важни сигнали во апликацијата, извлекување на тие делови и нивно препраќање до заднинската инфраструктура на Play Protect, со цел да се изврши евалуација на ниво на код. Сето ова ќе биде направено во (речиси) реално време. По завршувањето на анализата, корисникот ќе добие информации на екранот дали скенираната апликација е безбедна за инсталирање.

Оваа функционалност најпрво ќе биде достапна во Индија, земјата за која истражувањето на Google покажа дека има најголема стапка на инсталирање на заразени апликации, додека имплементацијата во другите региони може да се очекува во наредните месеци.

Извор: ArsTechnica

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (28 април)

Објавено пред

на

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.

БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.

БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.

РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.

ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.

ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.

ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.

ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.

СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.

ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.

ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.

РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Објавено пред

на

ФОТО: ©Nancy Hughes / Unsplash.com

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.

Постојат илјада видови на мувла, а некои видови произведуваат и микротоксини – хемикалии кои можат да предизвикаат бројни невролошки проблеми, па дури и смрт.

На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.

Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.

Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.

Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.

Извор: Денар

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за недела (27 април)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас.

БИК
Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ситници кои ве мачат во врската.

БЛИЗНАЦИ
Многу непланирана работа. Малку неочекувано, бидејќи се надевавте дека веќе ќе завршите со најголемите обврски. Можно е да е вклучена документацијата. Замор во попладневните часови, па прашање е дали ќе бидете „расположени“ за состанок.

РАК
Ќе се трудите да ги одложите обврските кои ги имате и да се посветите на себе, но и на пријателите и општеството. Добра забава попладне и навечер, но малку време за саканата личност. Но, важно е дека навистина ќе уживате.

ЛАВ
Денеска некако ќе морате да ги балансирате деловните и личните интереси, бидејќи тие се испреплетени и морате да ги завршите обврските од двете страни. Направете добар план и организирајте се. Емотивно добар ден, особено за нови познанства и флерт.

ДЕВИЦА
Ќе се трудите да стигнете до се и да го правите она што ви е важно на деловен план, и да ги почитувате пријателите, но и да не ја запоставувате саканата личност и нивните потреби. Ќе успеете да се организирате и да посветите доволно внимание на сите.

ВАГА
Денеска ве фати уморот насобран во претходните денови, па ќе гледате да се опуштите. Доколку имате обврски, ова ќе ви биде малку потешко, затоа потрудете се да бидете внимателни, бидејќи можете да направите и превид. Опуштете се на состанок со вашата сакана.

ШКОРПИЈА
Денеска вашите планови се одвиваат на најдобар начин и ќе успеете да завршите се што сте наумиле. И навистина многу намисливте. Мора да се признае дека на крајот од денот ќе се чувствувате уморни. Дури и во таква состојба ќе сакате да излегувате со пријателите.

СТРЕЛЕЦ
Од работата треба да завршите многу работи, но имате и обврски поврзани со куќата, па нема да знаете по кој пат да тргнете пред да свртите. Немојте само да ги испреплетувате овие обврски, бидејќи ќе си направите забуна. Одморете се со вашата сакана

ЈАРЕЦ
Имате големи планови за емотивна средба со партнерот или со личност која ви е многу привлечна и со која одржувате контакти. Прашање е дали ќе успеете да го вклопите со деловните обврски кои ќе настанат во последен момент.

ВОДОЛИЈА
Доколку имате деловни обврски, или ќе ги завршите брзо, или ќе се обидете да ги завршите од удобноста на вашиот дом. Она што ви треба денес е да си дозволите доволно одмор и релаксација, уште подобро – во друштво на саканата личност.

РИБИ
Иако ова е ден кога можете многу да направите во однос на комуникацијата со колегите, прашање е дали ќе сакате целосно да го вложите вашето време во работата. Сепак, добар дел од денот ќе поминете во дружење и разговор со саканите.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп38 минути

Хороскоп за понеделник (28 април)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

Скопје3 часа

СВР Скопје изрече 96 санкции, 41 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената

Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00...

Спорт4 часа

ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и...

Здравје и убавина7 часа

Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и...

Кичево13 часа

(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“

Вчера во НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“ – „Писмо дојде“ со...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (27 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Кичево1 ден

ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!

На 25.04.2025 во 23.50 часот во угостителски објект  на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги приведоа...

Кичево2 дена

(ФОТО) „Атва Маркети“ во Кичево отвори нова пекара со највкусниот асортиман на бели пецива

Почитувани Потрошувачи, повелете и посетете ја новата пекара во АТВА МАРКЕТ 10 на ул. 11 Септември бр 76 каде ве...

Македонија2 дена

(ФОТО) СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби

СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве спроведува...

Временска прогноза2 дена

Попоски овјави метео прогноза за 1- мај

За 1-ви мај, метео анализа која сите вас ве интерезира, ќе имаме многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а...

НАЈЧИТАНИ