Здравје и убавина
Светско, а сепак наше и кичевско, апи-центар „Грозданоски“ – „Нашата природна аптека за вдишување на здрав пчелин воздух“
По теркот на малкумината европски и балкански пчелари г-дин Зоран Грозданоски, сакајќи да ги прикаже благодетите на пчелите и пчелните производи за да им станат подостапни на луѓето, се реши и официјално вчера го отвори апи-центарот „Грозданоски“.
Oвој апи центар се наоѓа во с.Осој – кичевско, на само неколку километри од градскиот метеж, во чиста и недопрена природна оаза, опколена со костен, багрем, липа… – сите убавини кои само пчелите умеат да ги ценат и почитуваат. Некои пчелари велат дека апи-центарот е природна аптека, некои велат дека тоа е „вистинскиот воздух“, а Зоран вели дека ова е лек не само за телото, туку и за душата, бидејќи се вдишува воздух дирекно од пчелната кошница.

Вдишувањето аеросоли, матичен млеч, полен, прополис, пергата поволно делуваат и лечат:
✔️намален имунитет
✔️бронхитис
✔️астма (алергиска и неаргиска)
✔️ проблеми со синуси
✔️проблеми со дишните патишта
✔️алергии
✔️мигрена
✔️стрес
✔️ларингитис
✔️кардиоваскуларни заболувања
✔️нормализација на крвен притисок
✔️депресија
✔️пост-ковид закрепнување
Меѓутоа, ова не значи дека и здравите лиѓе и спортистите не треба да доаѓаат зашто девизата на апи центар „Грозданоски“ e
– „Здравите луѓе да стекнат посилен имунитет и никогаш да не се разболуваат, а тие што имаат проблеми со здравјето – да си заминат одовде здрави, живи, насмеани“
Додаваат: Повелете посетете не, уживајте со нас и нашите пчелни друштва за да и се радуваме на природата и здравјето заедно.
Контакт телефон: 077/915-750
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
Здравје и убавина
Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.
Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.
Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.
Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.
– „Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.
Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.
Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!
Здравје и убавина
Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително влијаат врз нашето здравје. Многумина веруваат дека редовното пиење превриена вода може да помогне во намалување на одредени здравствени проблеми.
Кога водата ќе се загрее до точка на вриење, се смета дека дел од тешките метали и штетните материи кои можат да бидат присутни во водата од чешма се намалуваат. Британските експерти по испитување врз тоа истакнуваат исто така дека по петминутно вриење, често може да се забележи талог кој останал по ладењето на водата.
Како што се смета, топлата или жешката вода може да има различни поволни ефекти врз организмот:
- Една чаша топла вода на ден може да го поттикне чистењето на кожата, особено кај лица со сува кожа или склоност кон акни.
- Топлата вода ги релаксира мускулите, па затоа се препорачува како природен начин за ублажување менструални грчеви.
- Пиењето жешка вода наутро пред јадење или половина час по оброк може да ја подобри работата на варењето и да ја намали подуеноста и гасовите.
- Консумацијата на топла вода на празен стомак понекогаш се препорачува за смирување на уринарни тегоби и намалување на желудочната киселина.
- Редовното пиење топла вода може да ја стимулира циркулацијата, потењето и исфрлањето на токсините, што индиректно го олеснува товарот врз бубрезите.
- Ако испиете чаша топла вода околу еден час по јадење, тоа може да го забрза метаболизмот и согорувањето калории.
- Се смета дека топлата вода може да помогне и кај астма, икавица, настинки или кашлица, давајќи чувство на олеснување и дополнителна енергија.
-
Кичево1 денЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура1 денУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (3 декември)
-
Хороскоп21 часХороскоп за четврток (4 декември)
-
Македонија2 денаТргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
-
Временска прогноза1 денДождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
-
Технологија1 ден„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
-
Спорт1 денБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
