Следете не

Кичево

Кичевската природна аптека, Апи-центарот „Грозданоски“ од утре повторно започнува со работа

Објавено пред

на

Од утре 11.05.2022 год. (среда) повторно почнува со работа Апи-центарот Грозданоски. Мештаните-кичевчани, а и посетителите-намерници од другите места, со воодушевување ќе Ви зборуваат за ова прекрасно место (кое за прв пат беше отворено минатата година). Има илјадници причини да Ви набројуваме зошто да го посетите ова место, но Вие одберете само една: Фактот дека овие мали вредни работници-пчели имаат толку голема моќ и сила,така што во една минута прават 11400 трепкања со крилцата, тоа е всушност она што го слушате, додека директно од пчелната кошница вдишувате: Аеросоли, матичен млеч, перга, полен, мед, прополис, кои ќе ви помогнат, поволно делуваат, а и лечат:

-намален имунитет
-бронхитис
-астма(алергиска и неалергиска)
-пост-ковид закрепнување
-проблеми со синуси
-проблеми со дишни патишта
-алергии
-стрес
-ларингитис
-кардиоваскуларни заболувања
-нормализирање на крвен притисок
-депресија

Сите овие придобивки од пчелите и пчелните производи ќе ги видите и почувствувате во с.Осој-кичевско, на само неколку km од градскиот метеж во апи-центар изграден од природен материјал-дрво, а опкружен во чиста и природна оаза од костен, багрем, липа, бор.. Неколку пчелари и посетители кои биле лани велеа дека ова претставува природна аптека,некои вистински природен лек, а г-дин Зоран Грозданоски, долгогодишен пчелар и вљубеник во природата, кој сака да ни ги покаже сите благодети на пчелите и пчелните производи вели дека ова не е само лек за телото, туку и за душата, а неговата девиза останува непромената:

„Повелете, посетете нe! Здравите луѓе да стекнат посилен имунитет и никогаш да не се разболуваат, а тие што имаат проблеми со здравјето, да си заминат одовде здрави, живи, насмеани!!!

Кликнете ТУКА и посетете ја официјална фејсбук група на апи-центарот „Грозданоски

Почитувани, посетете го ова благодетно место и уживајте со пчелните друштва на пчеларот Зоран Грозданоски во прекрасната природа, а здравјето кое ќе биде добиено со вдишувањето директно од пчелната кошничка ќе биде ваша и нивна најголема награда.

За повеќе информации и закажување термини, контакт телефон: 077/915-750

Кичево

Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.

Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.

Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.

По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Кичево

АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Објавено пред

на

ФОТО: АТВА Маркети

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!

Прочитај повеќе...

Кичево

Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

Објавено пред

на

Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост:

Извор: Група граѓани с.Цер (фб Србјани)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (19 јули)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Кичево7 часа

Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија10 часа

(ВИДЕО) МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни...

Спорт10 часа

(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од...

Хроника13 часа

Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот

На 17.07.2025 во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У....

Кичево13 часа

АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево Заштеди веднаш, само во...

Македонија13 часа

Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?

На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”,  полициски службеници од ОВР Ресен...

Lifestyle14 часа

Не ги ставајте овие овошја и зеленчуци во фрижидер – еве зошто

Правилното складирање на овошјето и зеленчукот може значително да влијае на нивната свежина, вкус и трајност. Иако фрижидерот често се...

Магазин15 часа

Google го најави датумот за претставување на новите Pixel уреди

Американската технолошка компанија Google најави дека на 20 август ќе го одржи својот следен голем настан – „Made by Google“...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (18 јули)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

НАЈЧИТАНИ