Следете не

Здравје и убавина

Светско, а сепак наше и кичевско, апи-центар „Грозданоски“ – „Нашата природна аптека за вдишување на здрав пчелин воздух“

Објавено пред

на

По теркот на малкумината европски и балкански пчелари г-дин Зоран Грозданоски, сакајќи да ги прикаже благодетите на пчелите и пчелните производи за да им станат подостапни на луѓето, се реши и официјално вчера го отвори апи-центарот Грозданоски.

Oвој апи центар се наоѓа во с.Осој – кичевско, на само неколку километри од градскиот метеж, во чиста и недопрена природна оаза, опколена со костен, багрем, липа… – сите убавини кои само пчелите умеат да ги ценат и почитуваат. Некои пчелари велат дека апи-центарот е природна аптека, некои велат дека тоа е вистинскиот воздух“, а Зоран вели дека ова е лек не само за телото, туку и за душата, бидејќи се вдишува воздух дирекно од пчелната кошница.

Вдишувањето аеросоли, матичен млеч, полен, прополис, пергата поволно делуваат и лечат:

✔️намален имунитет
✔️бронхитис
✔️астма (алергиска и неаргиска)
✔️ проблеми со синуси
✔️проблеми со дишните патишта
✔️алергии
✔️мигрена
✔️стрес
✔️ларингитис
✔️кардиоваскуларни заболувања
✔️нормализација на крвен притисок
✔️депресија
✔️пост-ковид закрепнување

Меѓутоа, ова не значи дека и здравите лиѓе и спортистите не треба да доаѓаат зашто девизата на апи центар „Грозданоски“ e

– „Здравите луѓе да стекнат посилен имунитет и никогаш да не се разболуваат, а тие што имаат проблеми со здравјето – да си заминат одовде здрави, живи, насмеани“

Додаваат: Повелете посетете не, уживајте со нас и нашите пчелни друштва за да и се радуваме на природата и здравјето заедно.

Контакт телефон: 077/915-750

Здравје и убавина

ОВА СЕ СИМПТОМИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБ ВО ТЕЛОТО! Обрнете внимание – знаци кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

Објавено пред

на

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое треба да се биде многу внимателен, бидејќи може да го нападне срцето, мозокот и другите органи, што доведува до смрт.

Стотици илјади возрасни луѓе годишно умираат како резултат на згрутчување на крвта.

Кога згрутчувањето на крвта ги затнува артериите, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да примаат кислород и доаѓа до срцев удар или мозочен удар.

Венската тромбоза е нешто што имплицира дека е формирано згрутчување на крвта во рацете и нозете. Се јавува поради недостаток на движење.

Ова се симптомите за узбуна:

Оток: Ова може да се појави или на целата нога или рака, во зависност од тоа каде се развило згрутчувањето на крвта.

Промена на бојата: Може да забележите дека вашите раце или нозе се црвени или сини.

Болка: Ќе чувствувате поголема болка додека состојбата се влошува. Тоа е досадна или интензивна болка.

Тешко дишење: Ако тоа се случи, тоа може да значи дека згрутчувањето се преселило од вашата рака или нога во белите дробови. Ова предизвикува кашлање или крварење при кашлање.

Грчеви во долниот дел на ногата: Ова чувство се јавува ако има згрутчување на ногата.

Кога ќе се најде згрутчување на крвта во близина на срцето, треба да обрнете внимание на овие симптоми:

Тешка болка во рацете и градите
Потење
Тешкотии со дишењето
Тешкотии со дишењето и потење се јавуваат и кога ќе се најде тромб во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија. Покрај тоа, ова може да биде аларм:
Тешка болка во белите дробови
Кашлица
Вртоглавица

За жал, згрутчувањето на крвта може да стигне до мозокот и да предизвика мозочен удар.

Обрнете внимание на овие симптоми:

Тешкотии со гледање и зборување
Слабост

Извор: Informer
Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Нутриционист од Русија со препорака за исхрана која помага за побрзо закпренување од Ковид-19

Објавено пред

на

Мрсна риба и јајца се производи што руската нутриционистка Ксенија Чернаја им ги препорачува на луѓето кои претерале со „ковид“. Според неа, овие производи имаат богата содржина на витамин А и омега-3 и им помагаат на клетките да се обноват по легнување, пишува „Газета.ру“.

Покрај тоа, нутриционистот советуваше во исхраната да се додаде маслиново и ленено масло или масло од коноп, како и зеленчук, зеленчук и бобинки.

Таа смета дека е неопходно да се исфрлат од исхраната шеќерот, глутенот и млечните производи.

/vesti-online.com

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да се спречи дехидратацијата во вашиот организам?

Објавено пред

на

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли, шеќер, калиум и останати потребни елементи. Рехидратацискиот раствор се дава во зависност од телесната тежина, стапката на самата дехидрација, најпрво во мали количини, а понатаму во се поголеми. Потребно е растворот да се зема што почесто за да има подобро и побрзо влијание.

Дехидрацијата се појавува кога на нашето тело ќе му недостасуваат течности, а тоа е многу опасно доколку имаме слаб имунитет. Главната цел во решавањето на дехидрацијата е што побрзо да ја надополниме течноста, солта и минералите кои се изгубени. Слатките сокови и газираните пијалоци не се вистински микс за потребите на телото.

Се до денес, ОРС им го спасил животот на најмалку два милиони луѓе и воедно се смета за еден од најважните достигнувања во медицината во 20 век.

Повраќањето и дијареата се две најчести причини за дехидратација. Симптом може да биде и зголеменото потење, а тоа се јавува кога телото самостално сака да се олади. Причите за претерано и појачано потење можат да бидат разни, но воглавно тоа е зголемена температура. Поради таа причина кај болните се препорачува поголемо конзумирање на течности. Така ризикот за дихидрација е сведен на минимум.

Дехидрацијата ќе ја препознаете по силната главоболка, сувата кожа и усните, намаленото потење, зголемената телесна температура, заморот и гадењето/повраќањето. Дехидрацијата на самиот почеток не е толку опасна, лесно може да се спречи, меѓутоа, доколку не се излечи на време преминува во тежок облик. Таквиот облик на дехидрација може да доведе до бессознание, кома, откажување на органите, а во најтешкиот облик и до смрт.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 27 минути

Дневен Хороскоп (28 октомври) четврток

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

МакедонијаПред 6 часа

Ноќта помеѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) поголемиот дел од регионот ќе премине на зимско сметање на времето....

LifestyleПред 6 часа

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас. Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат...

КичевоПред 9 часа

Кичево вчера: Удрен велосипедист + случен пожар на орман со електрични броила

На 26.10.2021 година во 18.30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, патничко...

МагазинПред 11 часа

Twitch го тестира копчето за премотување назад

Една од атракциите на Twitch е гледањето на работите во живо, но многумина од нас посакуваа да можеме повторно да...

СветПред 11 часа

Директор на Центарот „Гамалеја“: „Sputnik V“ е ефикасен против новата мутација на ковид

Руската спутник вакцина „Sputnik V“ штити од сите варијанти на корона вирусот, вклучувајќи го и новиот вид делта, изјави за...

Здравје и убавинаПред 11 часа

ОВА СЕ СИМПТОМИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБ ВО ТЕЛОТО! Обрнете внимание – знаци кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое треба да се биде многу внимателен, бидејќи може да го нападне...

СпортПред 11 часа

Австралиската држава Викторија ја отфрли можноста невакцинираните тенисери да играат на АО

Австралиската држава Викторија, чиј главен град Мелбурн е домаќин на тенискиот грен слем турнир Австралија Опен, денеска ја отфрли можноста...

КултураПред 11 часа

ТВ серијата на Apple зборува за хакирање на мозокот

Ѕвездата на филмот „Parasite“ ќе се појави во новата серија „Dr. Brain“, која ќе дебитира ширум светот на Apple TV...

МакедонијаПред 12 часа

Нови мерки во Македонија: Од 15.11. во локали само со 2 дози вакцина

Од 15 ноември влез во угостителските објекти во Македонија ќе можат само за лица кои примиле две дози вакцина против...

НАЈЧИТАНИ