Следете не

Магазин

Apple го подготви најскапиот iPhone досега

Објавено пред

на

Најпопуларниот модел на Apple е iPhone 15 Pro Max, кој во моментов е најскап.

Тогаш не е ни чудо што, според гласините, за следната година „Apple“ подготвува iPhone 17, кој ќе биде нивниот најтенкиот, но и најскап модел.

И претходно слушнавме дека наскоро ќе се појави iPhone 17 Slim, но се чинеше дека овој модел ќе биде само замена за iPhone 16 Plus, односно „обичен“ iPhone со поголем екран.

Новите гласини велат дека Apple би можел да се откаже од тоа и да претстави модел кој според спецификациите би требало да биде појак, но и поскап од моделот Pro Max.

Според достапните информации, конечниот дизајн на уредот се уште не е завршен, па ни Apple сè уште не знае точно која би била идеалната дијагонала за новиот iPhone.

Во моментов, тие тестираат неколку типови дизајни, вклучувајќи модел со алуминиумско тело и помал хардверски засек на предната страна на телефонот, во кој ќе бидат сместени FaceID сензорите и камерата.

Интересно, позицијата на камерите на задната страна на телефонот наводно ќе биде блиску до врвот, но во средината. Што се однесува до дијагоналата на екранот, се размислува за дијагонала помеѓу 6,12 и 6,67 инчи.

Исто така, ќе биде интересно да се види колку тој модел ќе биде тенок, со оглед на тоа што треба да се продава како „Slim“. Инаку, компанијата неодамна го претстави својот најтенкиот таблет досега, а новиот iPad Pro со дијагонален екран од 13 инчи е тенок само 5,1 mm.

/B92

Магазин

Google воведува видео функции со вештачка интелигенција во Gemini

Објавено пред

на

Google започна со воведување нови AI функции во Gemini Live, овозможувајќи му на асистентот да „гледа“ преку екранот или камерата на вашиот паметен телефон и да одговара на прашања во реално време. Ова беше потврдено од портпаролот на компанијата, Алекс Џозеф, во изјава за The Verge. Новите можности доаѓаат речиси една година откако Google го демонстрираше Проект Астра, кој стои зад овие иновации.

Први корисници веќе ги тестираат функциите

Еден корисник на Reddit сподели дека функцијата за читање екран се појавила на нивниот Xiaomi телефон, што го потврди и 9to5Google. Покрај оваа можност, Google најави дека уште во март ќе започне со тестирање на видео функциите за корисниците со Gemini Advanced претплата, достапна преку Google One AI Premium планот.

Што нуди новата видео функција?

Една од најинтересните нови можности е видеото во живо, што му овозможува на Gemini да го анализира видеото од камерата во реално време и да одговара на прашања за прикажаните објекти. На пример, во едно демонстративно видео, корисник користи Gemini за да добие препорака за боја додека бојадисува керамички предмет.

Конкуренцијата во трката за AI асистенти

Со ова, Google го зацврстува своето место меѓу водечките компании во развојот на AI асистенти. Во меѓувреме, Amazon подготвува ограничено ранo тестирање на Alexa Plus, додека Apple го одложи своето ново AI подобрување на Siri. Од друга страна, Samsung сè уште го нуди Bixby, но Gemini веќе стана стандардниот асистент на неговите паметни телефони.

Извор: The Verge

Прочитај повеќе...

Магазин

OpenAI го одложува генераторот на слики за бесплатните корисници

Објавено пред

на

OpenAI го одложи пуштањето на вградениот генератор на слики во ChatGPT за бесплатните корисници. Според извршниот директор Сем Алтман, алатката е далеку попопуларна од очекуваното, што доведе до одложување на нејзиното воведување во бесплатната верзија на платформата.

Голема побарувачка за генераторот на слики
Компанијата неодамна додаде можности за генерирање слики во ChatGPT, овозможувајќи им на корисниците да создаваат визуелни содржини директно во апликацијата преку моделот GPT-4o. Оваа функција брзо стана хит, а социјалните мрежи се преплавија со слики инспирирани од стилот на Studio Ghibli, тренд во кој дури и Алтман учествуваше.

Како функционира новиот модел?
GPT-4o носи подобрувања во прикажувањето на текстот и користи „авторегресивен пристап“ за генерирање слики. Овој метод ги создава сликите чекор по чекор, од лево кон десно и од горе надолу, наместо сите одеднаш, што резултира со поквалитетни и пореалистични резултати.

Кога ќе биде достапен за сите?
Во моментов, генераторот на слики е достапен само за претплатниците на ChatGPT Plus, Pro и Team. Сè уште нема конкретен датум кога функцијата ќе биде достапна за бесплатните корисници, но OpenAI продолжува да работи на проширување на нејзината достапност.

Извор: The Verge

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (31 март)

Објавено пред

на

ОВЕН

Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска и понатаму се двоуми и не е сигурна како да се постави кон вас. Проблеми со грчеви во мускулите.

БИК

Доколку планирате патување може да очекувате дека околностите добро ќе се наместат. Вашата емотивна ситуација е многу комплицирана. Не ви е лесно да се ослободите од влијанието на минатото. Избегнувајте пороци.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е поволен период за нови деловни проекти или за почеток на работа на некое ново работно место. Решивте да ставите точка на односот во кој не сте задоволни. Сметате дека заслужувате повеќе. Проблеми со бубрезите.

РАК

Позитивниот став на работното место ќе ви се исплати. Важно е да не престанувате да се трудите и ќе напредувате. Ќе ви биде тешко да ги решите проблемите кои ги имате во вашата емотивна врска. Можна е вознемиреност.

ЛАВ

Ве очекува ден кој ќе биде многу напнат. Можни се многу стресови и промена на работата. Подгответе се за важен разговор со саканата личност. Сега е момент да разјасните некои работи. Проблеми со видот.

ДЕВИЦА

Подгответе се за компликации на работа. Во наредниот период многу работи нема да бидат онака како што очекувате. Можеби немавте доволно време да бидете со саканата личност и таа се оддалечува од вас. Пад на имунитетот.

ВАГА

Не е премногу поволен ден за започнување на бизнис. Потрудете се сѐ она што ви е помалку важно да го одложите. Пред вас е прилика за незадолжителна авантура. Можно е сепак да не прифатите. Чувствителни бели дробови.

ШКОРПИЈА

Можно е да имате некој губиток на работа или некоја материјална штета. Доколку сте во брак, ќе имате проблеми во однос на партнерот во текот на денот. Болки во стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Можеби нема да го добиете унапредувањето на кое се надевате и ќе имате некои проблеми на ова поле. Упорни сте да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Сметате дека таа е идеална за вас. Хроничен умор.

ЈАРЕЦ

Пред вас е период во кој ќе имате можност за да ги поправите оние работи кои на ова поле ви претставуваат пречки. Можно е саканата личност да ви замерува некои работи и време е да разговарате за тоа. Променливо расположение.

ВОДОЛИЈА

Ако бидете премногу импулсивни и строги во комуникацијата со соработниците, многумина ќе се свртат против вас. Размислувате за брак или заедница со личност која ви се допаѓа. Чувајте се во сообраќајот, патите од недостаток на концентрација.

РИБИ

Не сакате да се откажете од своите идеи иако засега не сте добиле никаква поддршка за нивна реализација. Доколку сте слободни, пред вас е период кој може да донесе почеток на нова врска. За оние кои веќе се во врска можно е да рипаат во тавче за скоро време. Можни се проблеми со притисокот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје1 час

(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со...

Македонија3 часа

Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома

Министерството за здравство информира дека денес 6 пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство. Пет од нив се...

Магазин4 часа

Google воведува видео функции со вештачка интелигенција во Gemini

Google започна со воведување нови AI функции во Gemini Live, овозможувајќи му на асистентот да „гледа“ преку екранот или камерата...

Магазин4 часа

OpenAI го одложува генераторот на слики за бесплатните корисници

OpenAI го одложи пуштањето на вградениот генератор на слики во ChatGPT за бесплатните корисници. Според извршниот директор Сем Алтман, алатката...

Македонија5 часа

Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

На 31.03.2025 во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61)...

Временска прогноза6 часа

Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија

До четврток во Македонија и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, ќе продолжи периодот на...

Скопје17 часа

(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за понеделник (31 март)

ОВЕН Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска...

Спорт23 часа

ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар

Фудбалската федерација на Македонија се заложи за транспарентност и отчетност во своето работење како еден примарен постулат, со цел градење...

Lifestyle1 ден

Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени...

НАЈЧИТАНИ