Магазин
Apple го претстави новиот iOS 16: Еве што има ново

Apple откри серија иновации и освежувања за својот мобилен оперативен систем iOS на вчерашната конференција за програмери WWDC.
Сосема нов заклучен екран
iOS 16 ја носи најголемата промена на заклучениот екран досега.
Новиот заклучен екран нуди различни теми, како и фонтови за датум и време, заедно со нови позадини.
Заклучениот екран може да се приспособи со допирање на позадината подолго време, што ги отвора опциите за фонт и тема, заедно со нови позадини кои сега може да се менуваат во различни интервали.
Alright first up: iOS 16 and an overhauled Lock Screen pic.twitter.com/rjXvZrk0A3
— Marques Brownlee (@MKBHD) June 6, 2022
Apple исто така додава нова галерија со илјадници теми и интерактивни позадини од кои корисниците можат да изберат. Покрај тоа, новиот заклучен екран нуди и виџети веднаш под часовникот.
The lock screen in iOS 16 now features widgets! Including live weather animations #WWDC22 pic.twitter.com/d1YjQDNtxC
— 9to5Mac (@9to5mac) June 6, 2022
Известувања
Со промените на заклучениот екран, пристигнуваат освежени известувања.
Промените вклучуваат нов начин за прикажување на известувањата кои сега се наоѓаат на дното на заклучениот екран.
Покрај тоа, Apple додава нова опција наречена „известувања во живо“. Известувањата во живо имаат различни апликации, од следење на резултатите од спортските натпревари, па сè до следење на локацијата на нарачаните такси. Известувањата се на дното на екранот и постојано се ажурираат.
Live Activities is a new iOS 16 feature meant to improve notifications https://t.co/Srgkl0QuEE pic.twitter.com/2BIX4PsRMU
— The Verge (@verge) June 6, 2022
Програмерите ќе можат да ја имплементираат оваа функција во нивните апликации користејќи го новиот API за известување во живо.
Пораки
Новиот iOS 16 со себе носи нови долгоочекувани опции за iMessage.
Трите нови опции вклучуваат уредување пораки откако ќе бидат испратени, отповикување (unsend) на веќе испратена порака и опција за означување на пораката како непрочитана.
Новите опции не важат за СМС, туку само за iMessage.
iOS 16 Messages app adds edit button for iMessage, undo send, mark unread https://t.co/QD8srnnXqT by @bzamayo
— 9to5Mac (@9to5mac) June 6, 2022
#WWDC22 pic.twitter.com/i7Qlw1GeKW
— 9to5Mac (@9to5mac) June 6, 2022
Покрај тоа, Apple додаде „SharePlay“ во пораките, што ви овозможува да уживате во гледање филмови со пријателите или слушање музика со споделени контроли за репродукција.
Нови опции за апликацијата „Mail“.
Apple исто така прави некои промени во својата интегрирана апликација „Mail“.
Новите опции вклучуваат закажување е-пошта, кои веќе постојат на повеќето платформи за е-пошта. Покрај тоа, Apple го подобри и пребарувањето, што треба да обезбеди порелевантни, точни и прецизни резултати.
Напредното пребарување ќе ги прикаже прилозите и документите пронајдени во е-поштата, како и контактите.
Maps
Интегрираните мапи сега носат маршрути од повеќе гледни точки дефинирани од корисникот.
Мапите исто така даваат повеќе детали за јавниот превоз, давајќи им на корисниците увид во тоа колку ќе чини и колку ќе трае возењето, како и можност за купување билети во поединечни градови.
Повеќе новитети:
-Подобрениот „live text“ кој им овозможува на корисниците да копираат текст од фотографија, сега работи и на видеа
-Групирани картички во Safari
-Нова апликација за фитнес
-Подобрена приватност и безбедност
-Нови опции за „Focus“ mode.
Quick glance at everything new coming in iOS 16! #WWDC22 pic.twitter.com/qdn5JryWFK
— 9to5Mac (@9to5mac) June 6, 2022
Хороскоп
Хороскоп за недела (6 јули)

ОВЕН
Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика за нова врска. Не се двоумете, туку препуштете се на емоциите. Полни сте со сила и енергија.
БИК
Доколку очекувате почеток на нова деловна соработка, потрудете се да бидете доволно одговорни и сериозни. Поволен ден за нова љубовна врска. Пред вас е добра фаза за љубов. Низок притисок.
БЛИЗНАЦИ
Имате многу работа и важно е да бидете посветени на своите одговорности за да бидете успешни. Го сакате својот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Уживате во љубовта. Добро се чувствувате во своја кожа.
РАК
Нема да имате многу работа денес. Ве очекува фаза во која ќе имате доволно време за одмор. Ве очекува ново познанство кое може да води до интересна емотивна врска. Важно е да најдете начин да се опуштите.
ДЕВИЦА
Задоволни сте со ситуацијата на деловно поле. Не ве очекуваат поголеми промени и проблеми на ова поле. Покрај саканата личност се чувствувате убаво. Таа ви посветува многу внимание и нежност. Ве очекува добар ден. Проблеми со забите.
ВАГА
Потребно е да покажете подготвеност да започнете во еден нов правец кога е вашата работа во прашање. Ви делува дека нема да успеете да ги решите проблемите кои сте ги имале на љубовно поле. Не се заморувајте премногу.
ШКОРПИЈА
Може да добиете можност да се спојат вашите таленти. Поволен период за занимавање со креативна работа. Поволен ден за промени на љубовно поле. Спремни сте за пресврти! Зголемете го внесот на овошје и зеленчук!
СТРЕЛЕЦ
Промените на деловно поле на почетокот тешко ви паѓаат и треба време за да ги прифатите. Ситуацијата е поволна за нови познанства. Ве очекува ден во кој ќе имате почеток на врска. Проблеми со притисокот.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате поддршка од страна на деловното опкружување. Генерално може да имате среќа на ова поле. Ве очекува понуда за незадолжителна врска, но сега вие не сте подготвени за тоа. Осетливи стапала и зглобови на нозете.
ВОДОЛИЈА
Ќе успеете да ги остварите деловните проблеми кои ги имате во план. Пред вас е поволен период за работа. Можно е да не сте сигурни дали и верувате на личноста која ви се допаѓа. Потрудете се редовно да вежбате од дома.
РИБИ
Во текот на денешниот ден ќе бидете склони кон некои проблеми и кавги на деловно поле. Спремни сте да и покажете на саканата личност искрени емоции и да се посветите кон стабилизација на вашиот емотивен однос. Добро се чувствувате.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (5 јули)

ОВЕН
Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни се нови познанства, но и понатаму не наоѓате личност која може да го види она што вие го барате. Проблеми со синусите.
БИК
Денес ќе бидете во центарот на вниманието поради успехот на деловно поле во изминатиов период. Може да очекувате заеднички живот со саканата личност. Доаѓа време за убави промени. Водете сметка за забите.
БЛИЗНАЦИ
Нови околности ќе влијаат врз вас негативно. Можно е да ви треба подолг период да се прилагодите. денес вашите брачни проблеми се особено нагласени, па ситуацијата со саканата личност доаѓа до влошување. Проблеми со кичмата.
РАК
Ве очекува можност да се докажете и да ги остварите посакуваните желби на работното место. Продолжете да ги негувате своите амбиции. Денес конечно ќе и дадете до знаење на саканата личност како ја замислувате заедничката иднина. Одлично се чувствувате!
ЛАВ
Одлично се снаоѓате во вашата работа моментално и не би требало да имате било какви проблеми денес. Можеби со саканата личност ќе дојде до некои компликации. Сѐ може да се реши ако имате трпение. Внесувајте повеќе течности.
ДЕВИЦА
Носењето нови одлуки на деловно поле не ви оди многу лесно. Имате впечаток дека некои околности се против вас денес. Доколку сте во врска или брак, со саканата личност ќе имате некои неочекувани случувања. Немате проблеми со здравјето.
ВАГА
Многу сте мотивирани да ги направите промените на деловно поле кои ги планирате некое време. Денес ве очекува интересна средба со личност која ќе ви се додворува директно. Се чувствувате одлично.
ШКОРПИЈА
Може да престанете да се грижите бидејќи конечно ќе дојдат до вас убави вести кои долго време ги посакувате. Денес ве очекува започнување контакт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со енергија!
СТРЕЛЕЦ
Денес сѐ ви оди од рака. Ако планирате било какви нови проекти или промени, вложете во тоа! Може да очекувате активирање на полето на флертот и многу нови запознавања. Проблеми со бешиката.
ЈАРЕЦ
Не можете лесно да најдете заеднички јазик со соработниците. Не е секој подготвен да го вложи истиот напор во работата како вас. Ви се допаѓа личност која е воздржана кон вас е делува срамежливо. Чувствителни синуси.
ВОДОЛИЈА
Започнување на нов проект ви делува како добра идеја. Подготвени сте да се посветите на новите случувања на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е добар како порано и полека се губите еден со друг. Внимавајте на исхраната.
РИБИ
Денес бидете внимателни со какви ризици се соочувајте и внимавајте да не дојде до некоја материјална штета. Можеби ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите, но подготвени сте да се потрудите да го најдете патот до неа. Проверете ја својата диоптрија.
Магазин
Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат новиот модел. Во септември 2025 година се очекува Apple да го претстави Apple Watch Ultra 3 на својот традиционален есенски настан посветен на новите уреди. Преднарачките би требало да стартуваат веднаш по премиерата.
Кога се очекува лансирањето?
-
Apple Watch Ultra 3 најверојатно ќе биде претставен на есенскиот настан на Apple.
-
Преднарачките би биле достапни од септември 2025 година.
Што ново носи Apple Watch Ultra 3?
-
Подобрен екран: Се очекува новиот LTPO3 OLED екран, ист како кај Apple Watch Series 10, кој нуди поефикасен always-on режим и подобра видливост од различни агли.
-
Понизок трошок на енергија: LTPO3 технологијата овозможува поекономично користење на батеријата.
-
Побрз чипсет: Ultra 3 најверојатно ќе добие нов S10 или можеби сосема нов S11 чип со можни AI оптимизации за watchOS 26.
-
Подобрено мерење на здравствени параметри: Се очекува понапредно мерење на крвниот притисок.
-
Сателитска конекција: За испраќање и примање пораки дури и во подрачја без мобилен сигнал.
-
Поддршка за 5G: За побрза конекција и поголема сигурност во комуникацијата.
За кого е наменет Apple Watch Ultra 3?
-
За љубителите на активности на отворено кои бараат сигурна врска во секој момент.
-
За корисници кои сакаат врвен хардвер, прецизни здравствени сензори и издржливост.
Извор: B92
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје10 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Временска прогноза18 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (6 јули)