Здравје и убавина
Apple подготвува AI асистент за здравје – пристигнува следната пролет
Apple активно ја проширува својата улога во вештачката интелигенција и дигиталното здравје, а најновиот чекор во оваа насока е Project Mulberry – напредна AI функција во апликацијата Health, која користи податоци од Apple Watch, iPhone и други уреди за да обезбеди персонализирани здравствени совети.
Како ќе работи Project Mulberry?
Според Марк Гурман, познат аналитичар за Apple, Project Mulberry ќе користи биометриски податоци што веќе се собираат од уредите на Apple:
-
Apple Watch ги следи отчукувањата на срцето и физичката активност.
-
AirPods може да собира податоци за дишењето и движењата.
-
iPhone и други уреди ја комплетираат сликата за здравјето на корисникот.
Врз основа на овие податоци, AI асистентот во Health ќе нуди препораки за подобрување на здравјето и кондицијата, слично како консултација со лекар.
Обучен од вистински медицински експерти
За да се осигури прецизноста на препораките, Apple ангажира вистински лекари за да го обучуваат AI моделот. Компанијата исто така планира отворање специјализиран центар во близина на Оукленд (Калифорнија), каде што експерти од различни области – спиење, исхрана, кардиологија, ментално здравје и физиотерапија – ќе снимаат едукативни видео содржини за новата услуга.
Внатрешно, оваа услуга се нарекува Health+, а Apple наводно бара познато медицинско лице кое ќе биде јавното лице на платформата.
Нови функционалности за корисниците
Покрај анализата на податоците и давањето совети, AI Health асистентот ќе воведе и нови можности:
-
Користење на камерата за проценка на формата на телото при вежбање.
-
Следење на исхраната и анализа на нутритивната вредност на оброците.
-
Кратки видео лекции за подобро разбирање на здравствените состојби и препораки за промена на животниот стил.
Кога доаѓа Project Mulberry?
Project Mulberry претставува нова фаза од претходно најавената иницијатива Project Quartz и сега е еден од приоритетите на Apple. Според Гурман, функцијата би можела да биде достапна со iOS 19.4, што значи дека нејзината премиера се очекува на пролет или лето следната година.
Apple против конкуренцијата
Apple не е првиот што влегува во оваа сфера – компании како Whoop и Oura веќе нудат AI асистенти кои анализираат здравствени податоци од уреди за носење. Сепак, Apple има предност со својот интегриран екосистем, што може да ја направи оваа функција подостапна и попрактична за корисниците.
Овој потег дополнително го забрзува трендот на интегрирање на вештачката интелигенција во уредите за носење, со цел да се подобри персонализираната здравствена заштита – едноставна, достапна и секогаш при рака.
Извор: ZD Net.
Здравје и убавина
Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.
Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.
– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.
Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.
– „Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.
Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.
/taratur
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Македонија17 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Кичево4 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Кичево36 минутиНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Македонија21 часПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
