Македонија
АРМ во Охрид денес со вежбовни активности, ќе се употербуваат средства за звучни ефекти и друга опрема
Денеска (10.07.2024) од 10.30 до 16.30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РМ ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.
Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 09 часот, на истата локација. Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.
МВР апелира до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, истакна РКЕ.
Македонија
АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово известува АМСМ.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни картички при плаќање гориво и други производи, дознава Порта.мк од релевантни извори.
Од денес, на сите бензински станици низ државата што се дел од мрежата на „ЛУКОИЛ Македонија“, плаќањето со „VISA“ картички е повторно целосно овозможено и функционира непречено.
За граѓаните ова значи враќање на целосната функционалност и олеснета услуга при користењето на платежните картички на бензинските станици од „ЛУКОИЛ Македонија“, ширум Македонија.
-
Кичево2 денаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Кичево17 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle16 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Хороскоп7 часаХороскоп за петок (28 ноември)
-
Магазин2 денаGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
