Следете не

Кичево

(ФОТО) Кичевскиот „ART Caffe“ блесна во вистински предновогодишен сјај, пиете го најдоброто кафе во топол амбиент и нов уреден стил во срцето на градот

Објавено пред

на

©porta.mk

Повеќе од 10 години број 1 кафе во градот „ART Caffe“, позициониран на ул. „Борис Кидрич“ бр.1, специјализиран објект кој е ваш верен пријател, каде најубавото кафе е гаранција за позитивен ден и насмевки, сега односно во претстојната зимска сезона, блеска од убавина во свој проширен во максимално уреден стил. Нешто најново во зимската сезона е тоа што „ART Caffe“ започна со резервации за вашите мини-свечености, односно родендени и мини прослави.

Вистинска предновогодишна бајка, топол амбиент, прекрасно кафе, разновидни топли чаеви, се разбира најубавото „Segafredo Zanetti“ кафе, како и уникатните ладни чаеви од безвременскиот гурмански сируп „Philibert Routin 1883“ коj e познат низ целиот свет по неговиот квалитет и вкус. Одобрени од вегетаријанското друштво и сертифициран „Кошер“, 100% без глутен и холестерол.

Уживајте го вашето кафе во мирна и позитивна атмосфера, паркинг простор и уникат кој трае, секој ден започнувајќи од 07:00 до 00:00 часот.

Следете ги „ART Caffe“ – на фејсбук и на нивниот инстаграм профил – „ART Caffe

„ART Caffe“ во летниот амбиент ТУКА

Кичево

Телефони во раце за Владо од Кичево да продолжи со лекување, ајде народе да се обединиме, поголемиот дел на финансиите се собрани!

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани добри и хумани луѓе, наши сограѓани, познаници, пријатели и добронамерници, изминува еден месец каде нашиот сограѓанин од Кичево Владо Симјановски е на болничко лекување во болницата „Меморијал“ односно „Memorial Antalya Hastanesi“ во Република Турција, каде дијагностициран му е рак на десното белодробно крило.

Благодарение на хуманоста на целиот Македонски народ, но и останатиот дел на хуманитарци во дијаспората, успеавме заеднички доста финансиските да допринесеме, преку донации на неговата трансакциска сметка, но и преку отворените донаторски линии, благодарение на водечките оператори во Македонија, „Телеком“ и „А1 Македонија“.

– Порта.мк активно ги следи хуманитарните акции, така што токму сега, упатуваме уште еден АПЕЛ, да се откажеме од нашето денешно кафе и нашите 100 денари да ги донираме за Владо, затоа што, према последните информации денес директно од Турција, недостасуваат само 8000 евра, што значи благодарение токму на ВАС, собрани се поголемиот дел од финансиите! Ајде уште веднаш да заѕвониме и да донираме за Владо, затоа што потребен му е на семејството, фамилијата и на сите нас!

Донации повици преку мрежата на „Телеком“ и „А1 Македонија“ , еден повик „100 денари

Телеком ☎️: 143 – 414

А1 ☎️: 143 – 666

Како што веќе истакнавме, операцијата е во вредност е 32,000 евра, трошкови кои семејството Симјановски не може да ги покрие. До сега за рекордно време покажавме дека можеме и дека сме луѓе со големо срце, ајде да ги дособереме останатиот дел од финансиите, да допринесеме за што побрзо да се соберат финансиските средства за Владо повторно да му се насмевме на животот!

Донации преку трансакциска сметка за Македонија

Име на банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Број: 300017025428784
Име/Презиме: Владо Симјановски

Донации преку девизна сметка за странство

Fist Name/Last name: Slavica Avramoska
Address: s.Tuin – Kichevo
Acc no: 0230706863422
IBAN Code: MK07300307068634267
BIC/SWIFT Code: KOBSMK2XOHB
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Денес во етер излезе официјалниот видео запис од прекрасниот „Новогодишно-Божикен“ концерт одржан на 14 јануари во Кичево

Објавено пред

на

На 14-ти јануари во прекрасен амбиент на големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ се одржа долгоочекуваниот трет „Новогодишно-Божикен“ концерт на традиционални празнични каланди во град Кичево, а на наша голема радост и радост на кичевчани, овој свечен настан со своето присуство го збогатија нашиот Старец и Епископ г. Партениј, гостин беше, Митрополит Крушевско-Демирхисарски, г. ЈованАрхимандрит Доситеј Бигорски, Архимадрит Кирил Бигорски, монахињите од Манастирите Пречиста, Кнежино и Рајчица, како и монасите од Бигорски Манастир.

Денес, премиерно, излезе во етер официјалниот видео запис од преубавиот настан, кој го препорачуваме да го погледнете!

Прочитај повеќе...

Кичево

Полицаец од Кичево се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил додека извршувал регулација на сообраќај

Објавено пред

на

На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско. Околу 08:10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, тој со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот.

Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, за јавноста извести Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден12 часа

25 февруари – На денешен ден

1570.- Папата Пиј ја екскомуницира англиската кралица Елизабета I поради нејзината поддршка на протестантизмот и на Англиканската црква. 1723.- Умре...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за недела (25 февруари)

Овен  Оние Овни кои се родители целосно ќе се посветат на своето семејство особено на потомството. Кон своите деца ќе...

Спорт21 час

(ГАЛЕРИЈА) „ФК Кичево“ со успешен почеток на пролетниот дел од детската фудбалска лига

Генерациите на „ФК Кичево“ денес ги одиграа натпреварите во своите категории. Во генерацијата 2011 година „ФК Кичево“ оствари победа против...

Магазин23 часа

Apple доминира – iPhone зазема седум места на листата на 10 најпродавани телефони

Седум од десетте најпродавани модели на телефони во 2023 година беа различни модели на iPhone, што ја прошири доминацијата на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (24 февруари)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате дека ќе бидете многу успешни и дека финансиите ќе одат...

Спорт2 дена

Изов даде своја анализа за Грузија, предводникот на женската фудбалска репрезентација очекува да се покажеме во добро светло

Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Контролните натпревари ќе бидат одиграни...

Театар2 дена

За својот роденден „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево со нивната најнова урнебесна комедија, во среда од 19ч сите патишта водат кон НУЦК „Кочо Рацин“, бидете таму!

Овој месец популарните тв ликови од „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во нашиот град ќе...

Занимливости2 дена

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот...

Технологија2 дена

Директорот на „Интел“ со отворена понуда за меѓусебна соработка на „AMD“ и „nVIDIA“

Во технолошкиот свет, големите компании се како „маче“ и „куче“ во светот на животните – не се сакаат и не...

Кичево2 дена

Телефони во раце за Владо од Кичево да продолжи со лекување, ајде народе да се обединиме, поголемиот дел на финансиите се собрани!

Почитувани добри и хумани луѓе, наши сограѓани, познаници, пријатели и добронамерници, изминува еден месец каде нашиот сограѓанин од Кичево Владо...

НАЈЧИТАНИ