Следете не

Кичево

(ФОТО) Од денес уникатниот бренд „АТВА Маркети“ со нов флаер на акциски цени од најбараните производи, искористете ја понудата за максимална заштеда!

Објавено пред

на

„АТВА Маркети“ – Кичево ја истакна најновата палета на производи по акциски цени. Препораката на месецот за Вашата максимална заштеда може да ја најдете во прилог!

Искористете ја понудата од новиот флаер каде ќе најдете голем број на производи по намалени цени. Акцијата трае од денес 05.02.2024 до 24.02.2024 година, пазари и штеди!

Кликни на фото за поголем формат:

 

Кичево

Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!

Објавено пред

на

porta.mk (архива)

На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“, атар на истото село, настанал пожар на површина на отворен простор од околу 3 хектари ниско стеблеста дабова шума и грмушки.

Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Инаку, порта.мк како и секоја година, така и оваа апелира до неодговорните и несовесни граѓани дека пролетта но и летото е погоден период за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.

Исто така посебно внимание и во разни култури по нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.

Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО+ВИДЕО) Величествена прослава на Акатистот кон Мајката Божја Пресвета Богородица во Кичево

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Во манастирот Св.Богородица – Пречиста во Кичево се одржа третиот великопосен Акатист кон Пресвета Богородица, настан што со своето присуство го збогатија високопочитуваните Митрополити: г. Кирил Имвроски и г. Дамаскин Дидимотиски. Овој настан е одраз на длабоката духовна поврзаност и почит кон Родителката на Светлоста и вечниот пример на верност и благодарност кон Бога, Мајката Божја.

Свеченоста започна со традиционален пречек кој што беше приреден за високо-почитуваните гости, кон кои голема благодарност и почит за нивното присуство, во своето обраќање изрази владиката Партениј. Тој го истакна значењето на заедништвото во верата и благодарноста кон Пресвета Богородица за нејзината безусловна љубов и заштита.

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, и Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и Сулфи, г. Дамаскин, истакнаа дека нивното присуство во манастирот Пречиста е израз на единството меѓу православните христијани. Тие исто така зборуваа за значењето на жртвата и верноста кон Бога, како и за важноста на благодарноста и молитвата во секојдневниот христијански живот.

Настанот беше исклучителен пример на духовното единство и силата на православната вера, придружен со благодатна радост и заеднички молитви за мир. Тој ја утврди длабоката почит кон Пресвета Богородица, како извор на надеж и вечна утеха, но и историската и духовна важност на манастирот Пречиста, како место на молитва, подвиг и заедничарење, нагласувајќи ја неговата улога во одржувањето и промовирањето на православните христијански вредности.

Исто така со особена чест, преку нашиот медиум ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во денес, 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, додека утре недела Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во 09:00 часот.

Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.

Повеќе галерија погледнете на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Манастир „Пресвета Богородица-Пречиста“ – Кичево се подготвува за достојно одбележување на манастирската слава

Објавено пред

на

porta.mk

Свештената Обител на манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ – Кичево се подготвува за достојно одбележување на манастирската слава, Благовештение на Пресвета Богородица.

Се подготвуваме за претстојното сеноќно бдение во чест на Благовештението на Пресвета Богородица, која е наша манастирската слава, на која низ годините доаѓаат илјадници верници. Бдението ќе започне вечерта на 6 април, сабота, а следниот ден ќе биде одржана Божествена Архиерејска Литургија, изјави за МИА сестра Харитина, старешинка на манастирот.

Повеќе прочитајте ТУКА, на официјалниот линк од МИА во интервјуто сработено од колешката Вера Тодоровска.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили2 часа

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Volkswagen ќе инвестира 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот и иновациски центар во кинескиот град Хефеи. Центарот Хефеи ќе...

Магазин2 часа

Google ја објави првата бета верзија на Android 15, што носи новото ажурирање?

По две изданија за преглед, првата целосна Android 15 бета е подготвена за преземање, но моментално само за корисниците на...

Социјални мрежи2 часа

Промени кај платформата „Х“ на Илон Маск, на корисниците нема да им биде овозможена оваа опција

Платформата X повеќе не им дозволува на корисниците да ги кријат своите сини беџеви од верификацијата, односно потврда, без разлика...

Спорт5 часа

Судиска анализа на првата македонска фудбалска лига, има низа нерегуларности

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 26. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот ФК Силекс – ФК Гостивар одигран на 06.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 4, 20...

Технологија8 часа

Мајкрософт поправи рекорден број безбедносни проблеми

Мајкрософт официјално испорача рекорден број безбедносни ажурирања за своите производи, а компанијата ги окарактеризира овие ажурирања како критични. Според компанијата,...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за петок (12 април)

ОВЕН Ќе имате најголема корист од одмор или барем краткорочно менување на животната средина. Ако не можете да си дозволите...

Магазин1 ден

Зошто се чека толку долго за преклопливи уреди на Apple?

Apple се справува со нов предизвик во развојот на преклопливи екрани без набори за iPad. Apple работи на преклопливи уреди....

Автомобили1 ден

Tesla работи на развој на роботакси

Tesla претставува роботакси на 8 август, објави Илон Маск на X часа откако Ројтерс објави дека производителот на автомобили се...

Магазин1 ден

Алатките за уредување слики на Google Photos AI стануваат бесплатни за сите корисници

Алатките за уредување слики со AI на Google Photos се прошируваат на корисници кои не се претплати, што ги прави...

Магазин1 ден

Дали Apple навистина е подобар во приватноста? Експертите велат не!

Група истражувачи од Одделот за компјутерски науки на Универзитетот Алто во Финска ги објавија резултатите од студијата според која е...

НАЈЧИТАНИ