Кичево
АТВА Маркети со нова неделна акција на производи за своите потрошувачи

Кичево
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани

Денес во Општина Кичево, се одржа комеморативна седница во проширен состав за кобната несреќа во Кочани.
Со едногласна одлука советот изгласа одобрување на финансиски средства од 600,000 денари за финансиска помош за трагичниот настан.
Сочувство до семејствата на настраданите и лесно закрепнување на повредените.
Господ на помош на сите, стои во интегралното соопштение на советник кој истото го истакна на социјалните мрежи.
Кичево
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00 часот во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево.
Сите треба молитвено да земеме учество и во мир да се помолиме за упокоение на душите на починатите, а за здравје на оние кои се лекуваат, затоа што само така се покажува христијанскиот мир и свесноста за преумување, истакнаа од кичевската парохија.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
-
Хроника2 дена
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
-
Хроника2 дена
МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани
-
Хроника2 дена
Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство
-
Кичево2 дена
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани
-
Кичево23 часа
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија14 часа
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Скопје2 дена
(ФОТО) На „Бит Пазар“ пронајдени и одземени 10,000 пиротехнички средства наменети за продажба
-
Македонија2 дена
ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани