Свет
Aurora australis: Прекрасни снимка од природен феномен кој остава без здив

Поларната светлина на северот на Земјата е позната како aurora borealis, а кога ќе се појави на Јужниот пол, се нарекува aurora australis.
Поларната светлина, предизвикана од експлозивни сончеви дамки и соларни бури, оваа година е многу повидлива во Австралија и Нов Зеланд отколку во претходните години, привлекувајќи ги ловците на овој природен феномен кои возат со часови низ ноќта за да ја снимат идеалната снимка на поларната светлина. .
„Видовме навистина добра поларна светлина во последните неколку недели“, рече астрономот и директор на музејот Отаго, Јан Грифин, пренесува Гардијан.
Џејмс О’Ди од Јужниот Остров во Нов Зеланд тврди дека ловот на поларната светлина е „авантура“ која станува „малку зависничка затоа што секогаш гледате каде ќе се појави следно“.
Тој и неговите пријатели користат апликации кои ги предупредуваат за можни датуми кога поларната светлина ќе биде видлива и бараат добри места за фотографирање каде што небото е ведро.
„Кога ја земате камерата и ги фотографирате боите на поларната светлина, чувствувате стравопочит“, тврди О’Ди.
Aurora australis обично многу подобро се гледа од Јужниот Остров на Нов Зеланд, но неодамна светлата беа толку сјајни што беа видени од Окленд на Северниот остров.
/Telegraf
Свет
Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.
Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.
Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.
On 2025-05-27, at 00:06:31 (UTC), there was an earthquake around 13 km S of Antikyra, Greece. The depth of the hypocenter is about 10.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 5.0.https://t.co/hFZ2S358qV pic.twitter.com/9qHxtoNxGu
— World EQ Locator (@WorldEQLocator) May 27, 2025
Свет
(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.
Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.
Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.
Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.
🚨𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: A car has crashed into celebrating Liverpool fans at the trophy parade I have no words! pic.twitter.com/iW4EpOsWat
— Football Hub (@FootbalIhub) May 26, 2025
– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.
– „Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.
Свет
Трамп упати закана до „Apple“ дека ќе воведе повисок данок за „iPhone“ мобилните уреди

Доналд Трамп му се закани на технолошкиот гигант „Apple“ дека ќе воведе данок од најмалку 25% на „iPhone“ мобилните уреди, ако компанијата не го врати производството во САД.
– Преку својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп изјави дека одамна му кажал на извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, дека очекува „iPhone“ уредите што се продаваат во Америка да се произведуваат токму таму, а не во Индија или други земји. Тој предупреди дека ако ова не се промени, „Apple“ ќе се соочи со високи увозни давачки.
Оваа изјава доаѓа по објавата на „Apple“ дека планира дел од производството на американските „iPhone“ телефони да го префрли во Индија, каде компанијата ќе вложи 1,5 милијарди долари во изградба на фабрика. Ова наводно довело до недоразбирање меѓу Трамп и Кук.
Инаку, Индија има основен увозен данок од 10%, додека во Кина тој изнесува 30%. Иако уредите на „Apple“ досега беа ослободени од многу даноци, иднината околу тие олеснувања е неизвесна.
Иако „Apple“ вети инвестиции од 500 милијарди долари во САД во следните четири години, засега производството на нивните уреди во Америка сè уште не се гледа како реална опција.
Извор: theverge.com / Truth Social
ФОТО: Unsplash.com
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Кичево2 дена
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за недела (8 јуни)
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Македонија14 часа
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија
-
Спорт2 дена
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!
-
Спорт14 часа
(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!