Кичево
(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици и секаква галантерија. Во нивното 25 годишно постоење во нашиот град владејат одлична репутација на вистински бренд кој е нераскинлив дел од нашите потреби.
– Автошоп „Delta“ е застапник на реномираниот бренд „Exide“ акумулатори, продавницата е генерален застапник во Кичево и на светскиот квалитет на моторни масла и адитиви „Liqui Moly“, каде во 2023, 2024 и 2025 година на државно ниво освоија второ место по продажби на масла, додека претходни години исто така се рангирани на високо место.
Во склоп на Автошоп „Delta“ располагаат и со своја гаража за промена и монтажа на пневматици, балансирање со последниот бренд на машини, монтажа на најновиот бренд на радиа, промена на автомобилски сијалици.
И тоа не е се! Специјално за сите клиенти по повод 25-тиот роденден на Автошоп „Delta“, месец мај ќе биде месец со попуст на целиот асортиман на продукти, затоа искористете го, пазарете и бидете брзо услужени, за сите кои неможат да го подигнат продуктот, Автошоп „Delta“ ќе изврши достава, така што истиот ќе ви го донесе на вашата сакана локација.
Продавницата се наоѓа на добро познатото место, ул „11-ти септември“ во непосредна близина на кружен тек кај Полицијата, работно време секој ден освен недела од 08:00 до 20:00ч, официјални контакт броеви: ☎️ 071/223-646, 071/223-864 и 045/225-095 ☎️
Среќен роденден и успех понатаму!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија11 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин8 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации