Македонија
Авто-плинот денес со намалена цена од 1 денар за литар по тенденција од неколку покачувања по ред
Од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со намалена цена за литар. Цената на авто-плинот (тнг) се намали за 1 денар и моментално се продава 44,00 денари за литар, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва 00:01 часот.
Ова е прво намалување на цената на авто-плинот, додека претходно бележевме 3-4 поскапувања по ред.
Што се однесува до течниот нафтен гас, тој не е под Регулаторната Комисија за Енергетика, така што цената може да зависи од малопродажните објекти (бензински станици)
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево15 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза1 ден
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин12 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери