Македонија
Авто-плинот денеска скокна три денари за литар

Авто-плинот (тнг) денес се продава со драстичен скок во цена, имено поскапува за три денари и моментално се продава за 46,50 денари за литар.
Што се однесува до течниот нафтен гас, тој не е под Регулаторната Комисија за Енергетика, така што цената може да зависи од малопродажните објекти (бензински станици)
Македонија
Прилеп: Седумгодишно дете случајно стартувало автомобил и ја повредил сестричката

На 05.05.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско.
Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Македонија
На Табановце уапсен грк, во возилото пронајдена марихуана

На 05.05.2025 околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција.
При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.
Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава, известува МВР.
Македонија
Ноќеска мало намалување на цената од нафтените деривати

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит, известуваат од РКЕ.
-
Хроника2 дена
Кај Дебар во страотна сообраќајка со мотор загина млад жител на Кичево
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (5 мај)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (6 мај)
-
Временска прогноза2 дена
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност
-
Култура18 часа
Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања
-
Македонија1 ден
Ноќеска мало намалување на цената од нафтените деривати
-
Автомобили20 часа
(ВИДЕО) „Ферари Ф50“ оваа година слави 30 години од производство на еден од најзначајните суперавтомобили