Следете не

Автомобили

Кристијан Бојоски во недела по повод „11-ти октомври“ ќе се натпреварува на традиционалната „Авто-слалом“ трка во Прилеп

Објавено пред

на

©porta.mk

Во недела по повод „11-ти октомври“ во Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од 08:00ч – 20.10.2024. На наше огромно задоволство и под наше медиумско покровителство свое учество ќе земе и шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски со својот модифициран Опел Кадет брендиран со наше лого како медиумски покровители, под техничката спрема на авто-сервис „Adler“ и останатите спонзори.

Организаторите на Авто-слаломот се добро познати, „Федерација на историски возила“„Олд тајмер клуб, Автомото – Класика“ и „Општина Прилеп“ под палката на „FIVA“. Локацијата оваа година ќе биде во центарот на градот, односно во непосредна близина на „Палма Шоп“, додека брифингот на возачите (технички преглед) ќе биде од 09:00 часот, а почетокот на трката е предвиден да биде од 11:00 часот.

Нашиот тим ќе го проследи овој натпревар. Бидете дел и заедно да навиваме за кичевчанецот кој благодарение на пријателите и спонзорите кои здружено помагаат првично во техничката спремност, но и на останатите важни сегменти во натпреварувањето. Што се однесува до тркачкиот дух на Бојоски, во континуитет и повеќе години по ред зема свое учество и се искачува високо на пиедесталот.

Имено, да потсетиме неодамна на летниот авто-слалом од истата организација „На точила“ Бојоски се натпреваруваше во најсилната категорија на автомобили над 1600ccm и го освои фантастичното трето место со извозено време: 1 мин 07 сек, за оваа информација повеќе детали ќе најдете ТУКА

Во продолжение проследете фотографии ТУКА од ланскиот авто-слалом одржан во октомври 2023, како и видео од прогласувањето на победниците!

– Спортски поздрав и уште еднаш Ве покануваме да бидете дел и заедно да дадеме поддршка и ги бодриме нашите натпреварувачи, затоа што тоа го заслужуваат!

 

Автомобили

Зошто автомобилските гуми се црни? Историски развој и значење

Објавено пред

на

Автомобилските гуми не биле секогаш црни. Првично, производителите користеле природна гума, која има светла, млечна боја. Ова резултирало со гуми со бел или светол изглед. За да ја подобрат издржливоста на гумите, првично додавале цинк оксид, кој дополнително ги осветлувал гумите.

Воведување на саѓи

Со развојот на автомобилската индустрија на крајот на 20-тиот век, производителите се соочиле со зголемени барања за перформанси, брзина и трајност на гумите. Ова ги поттикнало да бараат начини за зајакнување на гумата. Во 1910-тите години, откриле дека додавањето на саѓи значително ги подобрува издржливоста и перформансите на гумите. Саѓите ја зајакнуваат структурата на гумата, ја прават поотпорна на абење и ја штитат од УВ зраци и топлина. Ова, исто така, ја намалува можноста за пукање и го продолжува животниот век на гумите.

Промена на стандардите

До 1920-тите години, додавањето на саѓи стана стандардна практика во производството на гуми. Ова ја направи гумата црна, а воедно ги подобри практичните аспекти, како што е отпорноста на нечистотија и полесното одржување. Оваа промена не само што ја подобри издржливоста, туку и ја намали фреквенцијата на замена на гумите, што значеше долгорочна заштеда за потрошувачите.

Влијанието врз пазарот

Подолгиот век на траење на гумите влијаеше на моделите на купување и ги натера производителите да развијат нови типови на гуми, како зимски гуми и гуми за високи перформанси. Употребата на саѓи, исто така, овозможи на производителите да ги задоволат различните потреби на глобалните пазари, особено во региони со лоша патна инфраструктура и екстремни временски услови.

Одржливост и иднината на гумите

Во последните години, поради растечките еколошки регулативи, производителите истражуваат алтернативни материјали и поеколошки методи за производство на гуми. Саѓите сè уште играат важна улога, но истражувањата се насочени кон создавање одржливи материјали кои ќе ја задржат функционалноста, а ќе имаат помало влијание врз животната средина.

Така, црната боја на автомобилските гуми не е случајност, туку резултат на долгогодишни истражувања и иновации кои ја подобриле нивната функционалност и издржливост.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Мерцедес потврди: „Ќе направиме супер SUV електричен теренец“

Објавено пред

на

Извор: Unsplash

Овој автомобил би требало да им конкурира на Lotus Eletre, Porsche Cayenne Electric и бензинскиот BMW XM. Исто како што XM ја разви М дивизијата на BMW од темел, новиот Mercedes е целосно развиен од AMG, наместо да се базира на постоечки модел како што е теренецот EQS.

Се очекува да пристигне во 2026 година, по лансирањето на втората генерација на купето со четири врати на Mercedes-AMG GT – првиот автомобил што ја користи архитектурата AMG.EA.

Развиена од платформата MB.EA на Mercedes, структурата AMG е изменета за да ги користи напредните електрични мотори на Yasa. Така, AMG.EA може да поддржува пар мотори на секоја своја оска, што сугерира дека најекстремните автомобили што ја користат платформата можат лесно да понудат повеќе од 1000 КС.

Структурата ќе има и електрична енергија од 800 V и батерија специфична за AMG која користи силиконска анода. Новиот автомобил ќе биде позициониран како наследник на постоечкиот Mercedes-AMG GLE 63 модел, чија цена е околу 150.000 евра, пренесува vesti-online.com

Прочитај повеќе...

Автомобили

„Lamborghini Urus“ е распродаден до 2026 година, а „Revuelto“ до почетокот на 2027 година

Објавено пред

на

Иако фејслифтираниот Lamborghini Urus сега се продава исклучиво како PHEV, бизнисот на компанијата цвета. Според Motor1, Lamborghini има доволно нарачки за Urus да го задржи зафатен до 2025 година. Со други зборови, новите нарачки за „Super SUV“ нема да бидат пополнети до 2026 година.

Првиот Urus беше лансиран пред седум години, додека новиот се очекува дури на крајот на деценијата. Моделот од втората генерација ќе се префрли на целосно електричен погон кога ќе пристигне околу 2029 година.

Што се однесува до Revuelto, овој модел на Lamborghini е исто така жешка стока. Времето на чекање за plug-in хибриден V12 суперавтомобил надминува две години. Ако го нарачате денес значи дека ќе го добиете кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година.

Lamborghini исто така споменува дека новиот Temerario доби „многу позитивен одговор од јавноста“ по неговата светска премиера во средината на август за време на Монтерејската недела на моторот.

Lamborghini продаде рекордни 10.112 автомобили во 2023 година, а оваа година е уште подобра. Компанијата го имаше својот најдобар период јануари-септември досега, откако испорача 8.411 возила. Ова е зголемување од 8,6 отсто во однос на првите девет месеци од минатата година.

Исто така, приходите од девет месеци се зголемени за 20 отсто, на 2,43 милијарди евра.

Извор: autoblog.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (10 ноември)

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

Гејминг10 часа

Кога финално излегува „GTA 6“ – фановите нестрпливи?

Фановите се надеваа дека најновиот фискален извештај на Take-Two Interactive ќе ја вклучи GTA 6, но тоа не се случи....

Кичево10 часа

(ФОТО) Вечерва се реализира спектакуларен концерт на КУД „Нико Пусоски“ од Кичево, каде со своето присуство настанот го збогатија гостите од соседна Србија

Предмалку заврши прекрасниот концерт во организација на КУД „Нико Пусоски“ од Кичево, кој беше реализиран по повод доаѓање на гостите...

Lifestyle20 часа

Пет лесни начини за омекнување на тврдо парче месо

Поевтините парчиња месо може да бидат потврди и потешки за џвакање, но тоа не значи дека треба да ги избегнувате...

Автомобили20 часа

Зошто автомобилските гуми се црни? Историски развој и значење

Автомобилските гуми не биле секогаш црни. Првично, производителите користеле природна гума, која има светла, млечна боја. Ова резултирало со гуми...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (9 ноември)

ОВЕН Тешко дека овие дена ќе можете да изберете што е најдобро за вас, главно затоа што нема да можете...

Извор: Unsplash Извор: Unsplash
Автомобили1 ден

Мерцедес потврди: „Ќе направиме супер SUV електричен теренец“

Овој автомобил би требало да им конкурира на Lotus Eletre, Porsche Cayenne Electric и бензинскиот BMW XM. Исто како што...

Театар2 дена

Во Кичево после подолго време доаѓа еден од првите „стенд ап“ комичари – Марјан Георгиевски, картите се пуштени во продажба, ќе биде забавно!

Во сабота на 16.11 – 20:00ч во Центарот за култура – „Кочо Рацин“ од Кичево, доаѓа големата стенд ап турнеја...

Спорт2 дена

ФФМ преку програмата „Хет-трик“ започна изградба на нова трибина на кичевскиот стадион

Денеска во Кичево, претседателот на ФФМ заедно со претставници на општина Кичево и градоначалникот, го означија почетокот на изградбата на...

Спорт2 дена

Сите на градски: Од понеделник во продажба карти за мечевите против Летонија и Фарски Острови

Во понеделник, 11. ноември започнува продажбата на билети за натпреварите  Македонија – Летонија (14. ноември, 20:45) и Македонија – Фарски Острови (17. ноември, 15:00...

НАЈЧИТАНИ