Кичево
(ВИДЕО) Според поставениот рок автопатот Кичево-Охрид иако има доста работa треба да биде готов за 4 месеци
Екипата на ТВ21 заедно со колешката Салије Садику беше во обиколка на новиот автопат Кичево-Охрид, каде сакаа лично од терен да видат како се одвиваат работите на оваа траса.
Од она што може да се добие како информација за ТВ21, изградени се над 6 мостови кои се проодни, додека заштитните огради се исто така поставени, а останатиот дел е ископан и се подготвува за потоа да се асфалтира. Голем дел од планинските страни се обезбедени за да нема одрон.
Повеќе ќе погледнете во официјалната репортажа на ТВ21 во продолжение:
Извор: ТВ21
Репортажа: Салије Садику
Кичево
„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме дефинитивно најголемиот „Black Friday“, во нашиот град кој трае на 28.11 и 29.11. Можете да искористите и до 70% попуст на одредени производи од врвни светски производители како што се, ATLAS CONCORDE, Geberit, Liv, Sanovit, Creavit, STN, Qua, Bien, Gomez, Navarti, Tilezza, Geo Tiles, Unitas, Ideal Standard, итн.
Во понудата има голем избор на керамички и порцелански плочки, „wc школки“, „кабини“, „паравани“, мебел за бања и уште многу други производи за вашата бања кои ќе го подобрат и олеснат секојдневието!
Дополнителни информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви 075/264-634 и на 075/228-948, на фејсбук, инстаграм или директно во нивниот продажен салон секој работен ден од 09:00 до 18:00ч, најдете ги на гугл мапа на магистрален пат, ТУКА
Кичево
Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, едно лице нападнало малолетник, а потоа и неговиот татко кој дошол во објектот.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за јавноста денес соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ државата.
На подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита.
Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај с. Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3.
Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај ул. Прилепска во Кичево, каде е побарана општинска интервенција. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали.
Во Куманово, реката Пчиња накратко излезе од коритото кај Пелинце – Стрновац, без нанесена штета. Мостовите во Коинце и Пелинце се расчистуваат од насобрани дрва и отпад, без констатирана опасност по нивната стабилност.
На регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ беше регистриран голем одрон, поради кој сообраќајот беше во прекин. Патот е расчистен по една лента, а во тек се активности за целосно обезбедување на трасата, известуваат од ЦУК.
-
Хроника1 денЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево2 денаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Кичево2 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп12 часаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија23 часа16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија1 денСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Македонија3 часа(ФОТО) МВР: Поради одрон кај Царев Двор-Отешево во прекин е сообраќајот во двата правци кај Ресен, односно Стење
