Следете не

Магазин

Ажурирајте го WhatsApp за Android и iOS сега

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

WhatsApp ја објави најновата закрпа за популарната апликација на Android, која ги обезбедува уредите од многу опасна ранливост.

WhatsApp објави детали за „критична“ безбедносна ранливост во верзијата на апликацијата Android, која може да му дозволи на напаѓачот да инсталира малициозен софтвер на паметниот телефон на жртвата за време на разговор.

Опасноста од овој пропуст, категоризиран како CVE-2022-36934, се пресметува на скалата на WhatsApp со 9,8 од 10, а се активира кога апликацијата се обидува да изврши процес на пресметување, но нема доволно простор во меморијата, што резултира во „преплавени“ податоци и препишување делови од системската меморија со потенцијално злонамерен код, пишува TechCrunch.

Компанијата за безбедност на интернет, Malwarebytes, по техничка анализа, тврди дека бубачката е во дел од WhatsApp наречен „Video Call Handler“, кој кога ќе се активира, му овозможува на напаѓачот да ја преземе контролата врз апликацијата на жртвата.

Портпаролот на WhatsApp Џошуа Бракман изјави за TechCrunch дека грешките ги откриле експерти од Мета и дека компанијата не забележала „докази за нивна злоупотреба“.

WhatsApp, исто така, објави детали за уште една ранливост (CVE-2022-27492), која има оцена за закана од 7,8 од 10 и им овозможува на хакерите да извршат злонамерен код на iOS уредот на жртвата откако ќе испратат злонамерна видео датотека. За да го зарази паметниот телефон на жртвата, напаѓачот треба да испрати видео датотека до WhatsApp и да го убеди да ја стартува.

Двете пропусти се закрпени во најновата верзија на WhatsApp, а на корисниците им се советува да ја надградат програмата што е можно поскоро. Најновата верзија на WhatsApp е v2.22.16.12.

Здравје и убавина

Единствен рецепт за појак имунитет

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jenny Hill

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот.

Според него, клучот е во ладната вода. Како тоа делува?

Секој ден наполнете када со ладна, па дури и ледена вода, и потопете ги стапалата за 10–15 секунди. Потоа избришете ги со крпа и облечете дебели волнени чорапи. Оваа процедура се повторува секоја вечер пред спиење.

Доколку сте подложни на вируси, настинка или кашлица, се препорачува да ја практикувате и почесто — на секои четири часа. Според Бубновски, контактот со ладна вода не само што не ја загрозува здравствената состојба, туку, напротив, го подобрува општото здравје.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (15 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве очекува ново познанство кое може да биде многу значајно за вашата љубовна иднина. Потребна ви е прошетка.

БИК

Имате многу работа и не ви е лесно да ги завршите обврските сами. Потребна ви е поддршка и помош од соработниците. Пред вас е период во кој ќе может да дојде до разочарување на емоционално поле. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате генерално поволен ден во кој ќе успеете да решите важни проблеми на деловно поле. Доколку сте слободни, пред вас е многу одличен период за нови љубовни случувања. Можни се проблеми со забите.

РАК

Постојат некои околности кои ве кочат да напредувате. Ќе имате многу проблеми во наредниот период. Ве очекува возбудливо познанство со личност која ќе потврди дека има емоции кон вас. Одмарајте што повеќе.

ЛАВ

Може да добиете можност да го покажете своето мислење и ставовите во опкружувањето кое тоа ќе го прифати. Поволен ден за решавање на проблемите со саканата личност. Може да очекувате дека ќе најдете компромис. Зголемете го внесувањето на течности.

ДЕВИЦА

Потребно ви е да имате повеќе трпение и да бидете упорни за да ги остварите деловните цели кои ги имате. Ви изгледа дека сте влегле во монотона фаза и тоа не ви се допаѓа. Потребни ви се промени во врската. Не се замарајте.

ВАГА

По драстичните промени од претходниот период, доаѓате до фаза во која конечно доаѓа до смирување на ситуацијата. Ќе бидете среќни покрај личноста која ви се допаѓа. Пред вас е поволен период за љубов. Низок притисок.

ШКОРПИЈА

Можеби моментално некои работи не се по ваша волја и не сте задоволни од деловната ситуација. На некој начин сте збунети и прилично тешко ги прифаќате емотивните промени кои се случуваат околу вас. Можен е пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Не сте сигурни дали треба да останете на ова работно место. Се премислувате околу важни одлуки и промени. Ќе запознаете интересна личност која ќе посака врска на долга стаза. Таа ќе ви возврати на емоциите. Проблеми со дишните патишта.

ЈАРЕЦ

Не се залетувајте со брзи одлуки. Пред вас е фаза во која ќе имате време за размислување. Доколку сте во брак, ве очекува период во кој ќе сакате зголемување на семејството. Нагласени проблеми со органите за варење.

ВОДОЛИЈА

Компликациите кои успеавте да ги надминете на деловно поле ве направија посилни и поискусни. Разочарани сте бидејќи од саканата личност не го добивте она кое ви е потребно. Емоциите во се во минусна фаза. Проблеми поради замор.

РИБИ

Многу тежок ден ве очекува. Пред вас е фаза во која ќе имате деловни проблеми и компликации. Исклучително сте загрижени за работата и тоа влијае врз вашата комуникација со саканата личност. Не е поволен период за вашето здравје.

Прочитај повеќе...

Магазин

iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Објавено пред

на

Фото: William Hook @ unsplash
Фото: William Hook @ unsplash

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и ќе станат достапни за сите корисници на 15 септември. Новите системи доаѓаат заедно со iPhone 17 серијата и носат значајни промени, како и редизајн на интерфејсот.

Нов дизајн: „течно стакло“ и нов систем за броеви

Оваа година Apple воведува дизајн на течно стакло, со нагласена транспарентност и флуидност на интерфејсот. Втората голема промена е во ознаките на верзиите – наместо класично броење (iOS 18, 19 итн.), бројките сега ќе одговараат на годината на издавање, што носи поголема конзистентност.

Кои уреди го поддржуваат iOS 26?

  • iPhone 17 (со претходно инсталиран iOS 26)

  • iPhone 11, 12, 13, 14, 15 и 16

  • iPhone SE (втора генерација и понов)

Поддршка за watchOS 26

  • Apple Watch Series 6 и понови модели

  • Apple Watch SE (втора генерација и понов)

  • Сите модели Apple Watch Ultra

Поддршка за macOS 26 (код: Tahoe)

  • MacBook Air со Apple Silicon (2020 и понов)

  • MacBook Pro со Apple Silicon (2020 и понов)

  • MacBook Pro 16″ (2019)

  • MacBook Pro 13″ (2020, четири Thunderbolt 3 порти)

  • iMac (2020 и понов)

  • Mac mini (2020 и понов)

  • Mac Studio (2022 и понови)

  • Mac Pro (2019 и понов)

Поддршка за iPadOS 26

  • iPad Pro (M4)

  • iPad Pro 12,9″ (трета генерација и понова)

  • iPad Pro 11″ (прва генерација и понова)

  • iPad Air (M2, M3)

  • iPad Air (трета генерација и понова)

  • iPad (A16)

  • iPad (8-ма генерација и понова)

  • iPad mini (A17 Pro)

  • iPad mini (5-та генерација и понова)

VisionOS и tvOS 26

  • VisionOS 26 ќе биде достапен за Apple Vision Pro.

  • tvOS 26 ќе пристигне „оваа есен“ и ќе поддржува Apple TV 4K (втора генерација и понов). Се шпекулира дека нов Apple TV 4K ќе биде објавен заедно со системот.

Нови уреди претставени

На настанот „Awe dropping“, Apple освен новите системи ги претстави и:

  • iPhone 17, iPhone Air, iPhone 17 Pro и Pro Max

  • AirPods Pro 3

  • Apple Watch SE 3

  • Apple Watch Series 11

  • Apple Watch Ultra 3

Извор: Engadget

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија8 часа

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит,...

Скопје8 часа

(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот,...

Здравје и убавина8 часа

Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот. Според...

Временска прогноза11 часа

Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за понеделник (15 септември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Спорт1 ден

(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин1 ден

Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…

Microsoft официјално ги потсети корисниците за крајот на поддршката за Windows 10. Компанијата објави дека на 14 октомври 2025 година...

Спорт1 ден

„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (14 септември)

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

НАЈЧИТАНИ