Следете не

Кичево

Отворени работни позиции во „Bacardi Lounge Bar“, вработените ќе бидат со редовен работен однос и одлични услови за работа

Објавено пред

на

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот успешен тим кој е долги години на пазарот, потребно е пополнување на персоналот со работници на позиција „Пица мајстори и скараџии“.

За информација, лицата кои ќе работат ќе бидат во редовен работен однос.

Сите заинтересирани можат да контактираат на броевите 076/980-888 и 075/416-550

Кичево

„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања

Објавено пред

на

©porta.mk

Супра Психолошки Центар“ во соработка со 🩺 ПЗУ „Супра Медика“ од Кичево, организира бесплатно вклучување на луѓе кои боледуваат од малигни заболувања и членови од нивното потесно семејство.

Г-ѓа Наташа Дамјаноска – Психолог: Поаѓајќи од личното и професионалното искуство стекнав увид во тоа колку е важна поддршката од страна на семејството и блиските во состојба на болест, а посебно кога е во прашање дијагноза канцер. Како што е потребата од поддршка важна за болните, исто така е голема потребата за поддршка и на членовите на семејството. После добивање на дијагнозата кај луѓето се манифестира целокупниот емоционален спектар и тоа не само стравови, гнев, раздразливост, туку и тага. Настануваат значителни промени на психолошко и социјално поле.

Во последниот период заболувањето од канцер се третира многу поуспешно и многу видови канцер се излечливи, но самата асоцијација најчесто е тешка болест и смрт. Една од најважните задачи на овие групни работилници е да им се покаже дека истите не се сами во овој процес, да бидат ислушани, разбрани и поддржани – за нашиот медиум истакна Психолог Дамјаноска

Преку интегрално соопштение до јавноста, ги охрабруваат сите кои сакаат да се приклучат во групата, дека истото можат да го направат со пријавување лично на тел бр. ☎️ 078/313-344

– Имено, да напоменеме кичевската установа 🩺 ПЗУ „Супра Медика“ која се грижи 19 години за здравјето на пациентите, поседува ординации по Општа медицина – два тима на матични лекари, Ординација по интерна медицина, Психолошко советувалиште, а во својата дејност поседува и широка палета на лабораториски анализи во соработка со врвни референтни лаборатории.

Прочитај повеќе...

Кичево

Полициски службеници од ОВР Кичево одржаа едукативни работилници во ООУ „Санде Штерјоски“, на тема „Булинг и сајбер булинг“

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Во понеделникот на 10.02.2025 г. полициски службеници од ОВР Кичево, пред околу 50 ученици од деветто одделение во основното општинско училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево, одржаа едукативни работилници на тема „Булинг и сајбер булинг“.

– Целта на работилниците беше, низ проактивен пристап, учениците да се информираат за поимите „булинг“ и „сајбер булинг“ како посебно социо-девијатно однесување, во и надвор од училишната средина.

Притоа учениците, низ призмата на полициското искуство и стручните сознанија за „булингот“ и „сајбер булингот“, имаа можност да се запознаат со облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави кај децата, за последиците што може да се појават во различни форми, како и за начините за благовремено превенирање на ова негативно поведение и спречување на штетните последици од истото, информира СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вечерва тешка сообраќајка се случила кај с.Колибари кичевско, бил прегазен пешак

Објавено пред

на

Пред нешто повеќе од половина час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат во близина на с.Колибари кичевско, на раскрсницата, каде според очевидците до кои дојдовме до информација, неофицијално бил прегазен пешак жител на истото село од пмв марка Рено со кичевски регистарски ознаки.

– На терен е излезен дежурен Јавен Обвинител, додека Полициски екипи на ОВР Кичево вршат увид. На местото од трагичниот настан веднаш интервенирала Медицинска екипа, но на помош била повикана и екипа на ТППЕ Кичево.

– Обновено инфо: Пешакот починал, додека телото на истиот по наредба на Јавен Обвинител е дадено на обдукција.

Дополнителни информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми во текот на денешниот ден од СВР Охрид.

– Полицијата го потврди настанот и излезе со информации за јавноста:

На 11.02.2025 во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за село Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешак И.А.(66) од истото село, информираа од полицијата. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили5 часа

Петте најопасни грешки со рачниот менувач кои можат да ви го уништат автомобилот

Рачниот менувач е еден од најважните делови на автомобилот, а неговото откажување може да чини неколку илјади евра. Сепак, многу...

Lifestyle5 часа

Седум работи што не треба да ги чувате во бањата

Иако е практично да ги чуваме работите што ги користиме во бањата токму таму, влажноста и топлината можат да имаат...

Lifestyle5 часа

Што се случува со телото кога не пиете кафе цел месец

Откажувањето од кафето за 30 дена може да има значајни ефекти врз телото и умот, иако за многумина тоа изгледа...

Lifestyle5 часа

Неверојатен лет: Соколица прелета 10.000 километри за 42 дена

Миграциите на птиците долго време ги фасцинираат научниците, но приказната за една соколица опремена со GPS уред ги помести границите...

Магазин5 часа

Google Gemini 2.0 сега достапен за сите

По неколкунеделно тестирање, Google официјално ја пушти во употреба Gemini 2.0, најновата генерација на нивниот чат-бот со вештачка интелигенција. Gemini...

Магазин5 часа

DeepSeek и вештачката интелигенција што го потресе технолошкиот свет

Технолошкиот свет повторно зборува за Кина, но овој пат не поради паметни телефони или електрични автомобили, туку поради вештачката интелигенција....

Магазин5 часа

Овие корисници на YouTube ги очекува непријатно изненадување

Google наскоро ќе започне со тестирање на нова опција во САД, а потоа ќе ја прошири и во други земји....

Магазин5 часа

TikTok се враќа на уредите на Apple и Google во САД

TikTok повторно е достапен во продавниците за апликации на Apple и Google во САД, откако претседателот Доналд Трамп го одложи...

Магазин6 часа

OpenAI ги најавува GPT-4.5 и GPT-5: Револуција или еволуција на вештачката интелигенција?

OpenAI повторно ги поместува границите во вештачката интелигенција со најавата на своите најнови модели – GPT-4.5 и GPT-5. Овие модели...

Магазин11 часа

Денес, 14 февруари се слави виното и љубовта

Православните верници денеска го слават Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите, не исклучувајќи ја неговата важност како заштитник...

НАЈЧИТАНИ