Следете не

Кичево

Во сабота е првата проба на најмилите дечиња за кичевската „Бадникова поворка 2025“, нека биде до сега најголема, а сите дечиња гласно да го опеат Христовото Рождество!

Објавено пред

на

©porta.mk

Како и секоја година со исклучок на пандемијата, така и оваа по 13-ти пат под раководство на г-дин Бошко Сарафилоски, најмладите ќе маршираат и во хор ќе ги пејат најубавите песни по повод Рождеството Христово.

Како што стои во соопштението од организацијата, на која секоја година даваме голема поддршка, г-дин Сарафилоски ексклузивно истакна дека се очекува бројот на деца драстично да се зголеми од лани, така што сите родители кои се заинтересирани за учество на нивните најмили во „Бадниковата поворка 2025“, нивните дечиња можат да ги донесат на премиерната, односно првата проба која ќе се одржи во сабота (7 декември) во просториите на нашата градска црква св.Петар и Павле од 13:00 часот.

Последното официјално видео изгледаше вака:

Кичево

(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!

Објавено пред

на

©porta.mk

Вчера и официјално се реализира и завршната гала концертна вечер во Кичево.  „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“ повторно ја разгорија сцената.

Упатуваме благодарност до сите посетители, да се надеваме дека традицијата ќе продолжи!

Мал дел фотогалерија преку објективот на Александар Тасески „Ace Records“

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Музичките имиња од Кичево го исполнија плоштадот до последно место, во првата музичка манифестација, вечерва финале од дводневниот спектакл „Кичевчани пеат за Кичево“

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес посетителите со своето присуство го потврдија она што почесто му треба на град Кичево, а со тоа испишаа историја и најавија дека даваат поддршка за ваков тип на музички манифестации за една нова традиција во очи на големиот семакедонски празник „Илинден

– Одличната атмосфера, пропратена со уште подобра организација, кичевските музички имиња ја исполнија душата на сите присутни кичевчани но и гости, во срцето на градот. Од најмладо до најстаро, до последен тон беа присутни и во еден глас ги пееја најголемите македонски хитови и се разбира хитовите на мега ѕвездата од нашите простори – Лозано, кој не дека е наш, дефинитивно го држи врвот на музичката сцена во Македонија и пошироко.

Ве повикуваме и вечерва со почеток од 20:00ч да присуствувате на втората гала вечер и заедно да ги пееме најголемите хитови заедно со „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“

Во прилог, ви презентираме фото-галерија преку нашиот објектив & објективот на нашиот соработник spixels, доколку сакате да превземете фотографија, направете го тоа ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!

Објавено пред

на

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север  и од северозапад, во текот на денешниот ден (четврток 31 јули) на повеќе места во Македонија, особено во јужните, југозападните, како и во источните предели ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд со услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Апелирам, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, што значи дека ќе биде значително посвежо. Во Скопскиот регион максималната температура денес ќе се искачи до околу 29 степени.

Попоски за Порта.мк дополнително ексклузивно, изјави дека временската најава за дестабилизација на метео атмосферата ќе ја има, но во пресрет на вечерашниот концерт во кичевскиот регион од 20 часот па натаму, полека ќе се намалува нестабилноста и условите за врнежи ќе бидат помали, што значи нè очекува спектакуларен концерт!

Повелете, повеќе информации ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника2 часа

ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка

По тешка несреќа што се случила во Чешка, почина Душко Чифлиганец, генерален менаџер на компанијата „Адора“ и син на познатиот...

Спорт7 часа

Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, на 8 август, и веднаш носи возбудливи натпревари. Првото дерби...

Македонија9 часа

СВР Охрид истакна детали за приведувањето на српскиот пејач

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од...

Lifestyle12 часа

Смути наутро – да или не? Предности и недостатоци на популарниот појадок

Брзи сме, зафатени и постојано сме во движење – а смутито изгледа како совршено утринско спасение во чаша. Ставате банана,...

Lifestyle12 часа

Како да ослабете без вежбање? Еве 13 начини

Иако слабеењето најчесто се поврзува со диета и физичка активност, постојат и ефикасни начини за губење тежина без вежбање. Ако...

Магазин12 часа

Дали е безбедно да се полни мобилен телефон на јавно достапни USB порти и да се користи јавен Wi-Fi?

Јавно достапните USB порти и Wi-Fi мрежите можат да бидат навистина корисни кога сте во движење и ви треба брз...

Lifestyle12 часа

Како настанал компирот? Откриен е неочекуван заеднички предок со доматот

Компирот е една од најпопуларните намирници на планетата. Без разлика дали е варен, печен или пржен, милиони луѓе секојдневно консумираат...

Магазин12 часа

Samsung Galaxy S26: Поголема батерија и потенок дизајн

Се појавуваат нови детали за наредната генерација на Samsung телефони, Galaxy S26, кои треба да се појават следната година. •...

Магазин12 часа

Apple достигна нов рекорд: Продадени три милијарди iPhone уреди

Apple официјално достигна уште една историја во своето постоење – испорачани се вкупно три милијарди iPhone уреди ширум светот. Оваа...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (3 август)

Овен Можно е да не доаѓаат финансии онака како што ги очекувате. Тоа ви го менува концептот за работата. Саканата...

НАЈЧИТАНИ