Кичево
(ВИДЕО+ФОТО) Дечињата во Кичево вчера ги стоплија срцата на сите верници и гласно го најавија Христовото раѓање, за многу години Бадник!
Денес во голем број по седми пат, по пауза од две години поради Коронавирусот, продолжи најубавата празнична традиција, каде дечињата учествуваа во Бадниковата поворка, пеејќи ја „Вечниот Бог“ на чело напред со Витлеемската пештера каде преку украс е претставено Рождеството Христово.
Поворката се движеше тргнувајќи од кичевскиот храм Св.Петар и Павле, улицата „Рудничка“, „Булевар Ослободување“ за на крај да завршат на градскиот плоштад каде е поставен големиот украс на Витлеемска пештера.
Распеаните коледарчиња ги стоплија срцата на сите верници, каде на крај беа дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.
Уште еднаш во име на целата организација, преку еден од главните виновници кој секоја година зема главна улога г-дин Бошко Сарафилоски упатуваме благодарност до сите родители кои се потрудија нивните најмили да бидат редовни на истакнатите проби, нивните баби, дедовци, сите гости, МВР – ПС Кичево за безбедно движење по улиците, Радио АКОРД како медиумски покровители и наши партнери, Кичевската парохија, маркети АТВА и сите останати добри луѓе и фирми.

Ги поздравуваме и нашите кичевчани кои даваат голем придонес за Бадниковото гранче, Јане Тренески, Ивица Мисајлески и сите добри луѓе кои неуморно секоја година максимално со нивното присуство придонесуваат за поголема масовност на луѓе, со цел што по ефикасно и по добро да се завршат празничните дејности, односно да има бадникови гранчиња за секого.
Во пресрет на Рождеството Христово, вечерва со почеток од 17:00 часот во нашиот кичевски храм ќе се отслужи Вечерна Богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Дебарско Кичевски г-дин Тимотеј.
На вечерната Богослужба ќе бидат осветени Бадниковите гранчиња по што ќе бидат поделени на верниот народ присутен во нашата градска црква св. Петар и Павле.
Во продолжение ви го пренесуваме денешниот настан преку нашиот објектив, додека за официјалниот видео запис ќе ве изненадиме до крај на денот, истиот го изработуваме заедно во соработка со Media Centar.
За многу години! ❤️
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.
Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Празничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
Драги кичевчани, наши читатели. Празничната магија повторно се чувствува во Кичево, полека но сигурно го враќа впечатливиот сјај на кој сите му се радуваме, и старо и младо, накитувањето во разни бои полека привршува. Покрај прекрасната програма која ќе се одржи на градскиот плоштад на 30 и 31-ви во организација за прв пат на Општина Кичево за дочекот на новата 2026-та, потоа и Хуманитарен Божиќен Базар се од 11-ти вечерта, тука е и Дедо Мраз меѓу нас!
Традиционално, пред студиото „Фото Зоран“ во Кичево каде со насмевка ги пречекува најмладите и ја шири радоста на новогодишните празници, во сосема нов украсен простор во топол, празничен дух и подготвен да биде место каде се создаваат спомени што се паметат долго!
За сите кои не го посетиле ова магично место, во студиото „Фото Зоран“, Дедо Мраз не е само лик од бајките, туку вистински пријател на децата. Со својата препознатлива насмевка, црвена облека и вреќа полна со изненадувања, тој ги слуша желбите на најмалите, разговара со нив и им подарува моменти исполнети со радост. Родителите, пак, имаат можност да забележат искрени емоции детски смеа, возбудени погледи и топли прегратки сè овековечено преку професионална фотографија.
Оваа средба е повеќе од обично фотографирање, таа е доживување што ги зближува семејствата и ја враќа вистинската празнична атмосфера. Во време кога секојдневието е забрзано, ваквите моменти потсетуваат на значењето на традицијата, вниманието и споделената радост.
Посетата на Дедо Мраз во „Фото Зоран“ стана препознатлив дел од новогодишните случувања во Кичево и секоја година носи нови насмевки, нови приказни и нови спомени кои остануваат засекогаш.
Во прилог погледнете ја официјалната видео покана ТУКА на Дедо Мраз која ќе ви ги стопли срцата!
Сликај се со Дедо Мраз, во „Фото Зоран“ со стил и стас!
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево6 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Временска прогноза5 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија22 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп19 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато

































































