Временска прогноза
Балканот на удар на нестабилно време, од утре во попладневните часови на повеќе места пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Средоземјето, над Италија а потоа и над Јадранското море, и во следниот период во Македонија продолжува променливото и МНОГУ НЕСТАБИЛНО време со повремени локални врнежи од дожд.
Од утре во пладневните часови па натаму ќе биде и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Во Скопје и околината исто така продолжува нестабилното време, а во делови од котлината ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите речиси насекаде ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат и малку над 25 степени, што значи дека сеуште нема никаква најава за првиот изразен топол Африкански бран, и за истиот ќе се изначекаме.
Инаку целиот регион е зафатен со интензивни дождови, а особено во Хрватска и Босна има и поплави, каде во делови од овие држави има и евакуација на граѓани. Интензивните врнежи ќе продолжат и понатаму, а овие поплави се само почеток. Низ целиот Балкански Полуостров понатаму е можно и ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ, затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Од друга страна пак, во Алпскиот регион има интензивни снежни врнежи, вистинска снежна бајка и владее вистинска зима во мај, за порта.мк пишува метеорологот Славчо Попоски.
Временска прогноза
За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.
Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.
Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.
Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.
Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.
Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.
Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.
Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски
Временска прогноза
Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
– Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево20 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево23 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Хороскоп8 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Временска прогноза21 часЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија18 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
